(Видео) Данела го направи за една година она што Шилегов не можеше за четири: Арсовска започна со комплетна реконструкција на булеварот “Теодосиј Гологанов”!

t

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска изврши увид на почетокот на градежните работи за изградба и реконструкција на бул.Митрополит Теодосиј Гологанов.

– Градот Скопје отпочнува со изградба и реконструкција на бул.Митрополит Теодосиј Гологанов од раскрсница со бул. Св.Климент Охридски до кружниот тек со раскрсница улицата М.Х.Јасмин. Реконструкцијата опфаќа градежни работи на коловозот од 5350 м2, велосипедска патека и тротоари од 4500 м2, нови рабници, градежни работи на нова фекална канализација Ф600 мм, изведба на нова водоводна мрежа, ново улично осветлување со лед светилки со контролери. -истакна денес на прес конференција градоначалничката Арсовска.

Со реконструкцијата се овозможува сообраќајница со нови пешачки патеки и велосипедски патеки и дополнителни велосипедски ленти на коловоз.

-Реконструкцијата на оваа улица ги решава секојдневни проблеми на граѓаните од овој дел на општината Центар, а ние посветено работиме во нивен интерес. Рокот на изведба е 5 месеци, а Градот Скопје за реконструкција на булеварот М.Т. Гологанов вложува 43 милиони денари. Со овој проект се решава еден голем проблем за жителите кои редовно транзитираат на овој дел на центарот на градот и дополнително се зголемува безбедноста и сигурноста за учесниците во сообраќајот. – изјави Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…