(Видео) Да немаше опструкции работата ќе беше консолидирана: ЈСП е тежок загубар, а ова раководство не го довело во таа состојба
ЈСП е тежок згубар, некој го донел дотаму, а тоа не сме ние во изминатите неколку месеци, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во гостување во Студио 10 на ТВ 24.
– Јас сум убедена дека доколку не беа овие опструкции претпријатието ќе беше консолидирано. Во ЈСП имало проневери, тоа ќе се види од ревизиии. Половина од возилата не беа во возна состојба, сега полн возен ред ќе биде оспособен.
Целото ЈП било доведено во колапс, јас вчера зборував за претседателот на синдикатот кој си го вработил целото семејство, истакна градоначалничката.
Според Арсовска проблемите ги создаваат оние кои сакаат подоцна да се претстават како месии.
Градоначалничката нагласи дека приватните превозници ќе мора да се усогласат со стандардите кои ги бара Градот Скопје, ќе мора да возат со возила со минимум ЕУРО 4 стандард.
Договорот со Макекспрес е раскинат по сила на Закон, доколку Слобода превоз исто така не ги испорача резултатите кои ги има преземено со договор, договорот исто така ќе биде раскинат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…