Објавено на:

(Видео) Двајца пилоти загинаа во пад на воен авион во Пакистан

t

Мал воен авион за обука на пакистанската армија се урна денеска во близина на градот Квета, во југозападен Пакистан, при што загинаа двајцата пилоти, соопшти војската.

Според агенцијата АП, несреќата се случила во близина на Наван Кили, во областа Квета, главниот град на провинцијата Балучистан, која се граничи со Авганистан.

Станува збор за авион од типот „PAC MFI-17 Mushshak“, мал авион со еден мотор и пропелер, наменет за основна обука на воени пилоти. Во леталото се наоѓале инструктор за летање и пилот-кадет.

Според првичните информации од пакистанската армија, причина за падот бил технички дефект. Засега не се објавени дополнителни детали за несреќата.

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари и премиерот Шехбаз Шариф изразија сочувство до семејствата на загинатите пилоти.

Падови на авиони за обука и претходно се регистрирани во Пакистан. Во јуни, авион на пакистанските воздухопловни сили се урна за време на рутинска вежба во северозападниот дел на земјата, при што исто така загинаа двајца пилоти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Двајца пилоти загинаа во пад на…

Мал воен авион за обука на пакистанската…

Нема крај на несовесноста: Граѓани исфрлиле душеци…

Несовесни граѓани исфрлиле повеќе душеци покрај патот…

Нетанјаху бара да се откријат и гонат…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара да бидат…

Граѓаните се повикуваат на помош доколку ја…

Полицијата трага по 38-годишната Јаница Цековска, која…

Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работно и…

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на својот…