(Видео) Две лица загинаа, а 15 се повредени при уривање на балкон во ноќен клуб во Мексико
Две лица загинаа, а 15 се повредени при уривање на балкон во ноќен клуб во мексиканскиот град Сант Луис Потоси, соопшти државната служба за цивилна заштита на Мексико.
Несреќата се случила во ноќниот клуб „Рич“, во локалниот трговски центар Алтус, пишува мексиканскиот весник „Миленио“.
Според извештаите, клубот немал соодветни дозволи за работа, а Државната служба за цивилна заштита кон средината на март утврдила дека клубот не ги исполнува безбедносните стандарди.
Според локалните власти, под притисок на луѓето се урнал една од оградите на третиот кат од трговскиот центар.
Во тој момент во клубот имало концерт на пејачка, иако управата на објектот не поднела барање до надлежните органи за настап и немала дозвола за тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се сруши авион во Мексико, има загинати
Три лица загинаа кога авион се урна…
Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…
Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Обвинителството ги повикува граѓаните кои имаат докази…
Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на…
Кина, Канада и Мексико го враќаат ударот…
Откако стана јасно дека американскиот претседател Доналд…