Објавено на:

(Видео) Две лица уапсени во Валона за денешното убиство во “Топ-чанел”

t

Две лица се приведени од полицијата како осомничени сторители, поврзани со нападот со огнено оружје во зградата на телевизијата „Топ-чанел“ каде загина еден вработен од обезбедувањето.

Според албанските медиуми луѓето се по потекло од Скадар и се уапсени во Валона.

Истрагите за осомничените лица кои се вмешани во настанот продолжуваат.

Вработените кои биле присутни во зградата во моментот на тешкиот инцидент се сослушани оти истражителите ги сметаат за сведоци.

Првичните информации говорат дека истрагата ќе се однесува на обвинението за „убиство во квалификациски околности“ на штета на Пал Кола вработен од обезбедувањето.

Адвокатката Ардита Соколи за Albanian Post објаснува дека една од причините зошто можеби е одлучена истрагата по ова обвинение е затоа што сторителите „ги загрозиле животите на многу луѓе“.

Според неа, ова обвинение е казниво со затвор најмалку дваесет години или доживотен затвор.

Во нападот пукано е најверојатно со калашников, а другите куршуми кон зградата на Топ чанел (вкупно 25), освен што ја оштетиле главната фасада на телевизијата, ги загрозиле животите и на другите вработени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…

Уапсено уште едно лице осомничено за убиствата…

Вчера вечер е уапсено уште едно лице…

Рама најави построги казни за протестите во…

Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…

Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…

Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…

(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент

За време на денешната седница албанскиот парламент…