(Видео) Девојка се качи на оградата кај мајмуните, нов инцидент во ЗОО
На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа млада девојка качена на заштитната ограда кај делот со мајмуните во Скопската зоолошка градина.
На видеото може да се забележи како една од вработените во зоолошката градина ја фаќа девојката за раката во обид да ја симне од ѕидчето на кое е качена, со цел да се избегне потенцијално опасна ситуација и вознемирување на животните.
Во објавата на социјалните мрежи, авторот реагира на, како што наведува, честото непочитување на правилата од страна на посетителите.
„И покрај сите препораки, табли со натписи за тоа да не се хранат и вознемируваат животните, во Скопје ЗОО постојано сме сведоци на непочитување на протоколите од страна на посетителите!
Недостасува култура, едукација, недостасуваат редари и видеонадзор, како и санкционирање на сите кои не го почитуваат протоколот!
Родители, наставници, учители, професори и медиуми за јавно информирање… ЕДУКАЦИЈА“, стои во објавата на Стефан Кирков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина Самка Ибраимовски
Почина Самка Ибраимовски, лидер на Партијата за…
Русија концентрирала десетици илјади војници на запорошкиот…
Руските сили концентрирале десетици илјади војници и…
Полска испрати засилувања кон Калининград по предупредувања…
Полската полиција формираше специјален оперативен штаб и…
Сајбернападите се шират врз продавници низ цела…
Продавници во повеќе европски земји пријавија нарушувања…
Мицкоски на средба со раководството на Дојче…
Почитувани, Претседателот на Владата на Република Северна…