Објавено на:

(Видео) „Делиите“ го протеруваа американскиот амбасадор кој мораше да си замине на полувреме од белградската Арена

t

KK Црвена звезда беше поразена од Фенербахче со 91:96 во натпреварот од Евролигата во арената во Белград, но, натпреварот го одбележаа навредливите скандирања на домашните навивачи кон Кристофер Хил, американскиот амбасадор во Србија, кој е пред пензионирање и заминување од таа земја. Навивачите на Црвена звезда скандираа „Косово е Србија“ и развија знаме со истиот натпис, упатувајќи низа навреди кон Хил.

Амбасадорот поради навредите ја напуштил арената на полувремето. Српските медиуми пишуваат дека навредите кон него не се единствената причина за ова. Се додава дека навивачите на Црвена звезда директно се упатиле кон неговата ложа. Во еден момент реагирала српската „жандармерија“ и ги смирувала навивачите.

Хил често ги гледал натпреварите на Црвена звезда и Партизан, но ова очигледно му беше последен, бидејќи неговата кариера и мисија во Србија завршуваат на 20 јануари.

Хил е познат американски дипломат. Во изминатите три години тој беше амбасадор на САД во Србија, а претходно беше на таа функција во Ирак, Јужна Кореја, Полска, Македонија и Албанија. Тој е еден од најодговорните за потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор во 1995 година, со кој заврши војната во Босна и Херцеговина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Песков откри каде и кога ќе се…

Рускиот претседател Владимир Путин, неговиот кинески колега…

Мосад ја извести ЦИА за наводни планови…

Израелската разузнавачка служба „Мосад“ ја извести американската…

Снегот ги затрупа патиштата во Хрватска, а…

Во Хрватска, особено во планинските предели на…

Почина Агром Мемеди, поранешен македонски репрезентативец

Во Тетово денес почина поранешниот македонски репрезентативец…

(Видео) Иран го нападна Бахреин

Властите во Бахреин утрово издадоа две предупредувања…