(Видео) Делчево ќе биде без вода најмалку 48 часа: Пукна разводен елемент во главна шахта
Пукна разводен елемент во главна шахта во Делчево, градот ќе биде без вода најмалку 48 часа. Дефектот се случил во текот на вчерашниот ден, а најпрво со известување се јавија од ЈКП „Брегалница“ од каде не дадоа попрецизни информации до кога ќе трае прекинот на водоснабдувањето.
Денес на социјалните мрежи се огласи градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски.
– Како резултат на технички инцидент кој се случи во текот на вчерашниот ден на главната доводна цевка за водоснабдување на град Делчево, повисоките делови од градот се со прекинат довод на вода во домаќинствата.
Станува збор за прснување на разводен елемент во главна шахта бр. 1, кој според специфичноста за негова изработка бара повеќе време за итна изработка, набавка и вградување од страна на стручните служби на ЈКП „Брегалница“ Делчево. Дополнително, овие рокови може да се продолжат поради потребата од хемиска и бактериолошка контрола на водата во целокупниот систем на град Делчево.
Од моментот на настанување на инцидентот, Општина Делчево ги мобилизираше сите расположливи надлежни органи и се постапува на терен со сите надлежни служби. ЕЛС Делчево е во постојана комуникација со сите релевантни фактори со цел состојбата да биде надмината во најкус можен рок.
Клучните институции (Здравен дом, Детска градинка), каде што се потребни постојани количини на вода за пиење, веќе се обезбедени од страна на надлежните служби и нивните јавни дејности се реализираат без прекин.
Општина Делчево, во соработка со ТППЕ Делчево, ЈКП „Брегалница“ Делчево и ОО Црвен Крст Делчево, организира пунктови за достава на вода за домаќинствата:
ДОСТАВА НА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ
Контакт телефон Општина Делчево: 033/411-550
Пункт бр. 1: Паркинг простор на раскрсницата помеѓу улиците „Питу Гули“ и „Македонска“ во населба Милково Брдо.
Пункт бр. 2: Паркинг простор на улица „Пере Тошев“ во населба Милково Брдо.
Пункт бр. 3: Паркинг простор на улица „Вера Јоциќ“, над гимназијата СОУ „М.М. Брицо“.
Пункт бр. 4: Раскрсница на улиците „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и „Видое Смилевски Бато“, во населба Стар Расадник, во непосредна близина на новата детска градинка.
Пункт бр. 5: Раскрсница на улиците „Острец“ и „Илинденска“ (пред продавница „Шака Лака“) во населба Маџир Маало.
Пункт бр. 6: Раскрсница на улиците „Јане Сандански“ и „Солунска“ во населба Први Реон.
Пункт бр. 7: Раскрсница на улиците „Солунска“ и „Брегалничка“, кај Џамијата во населба Втори Реон.
Достава на техничка вода
Контакт телефон – Дежурна линија на ТППЕ Делчево: 193
Пункт бр. 1 – 12:00 часот секој ден: Раскрсница на улиците „Голачка“ и „Иво Лола Рибар“, кај маалската продавничка на Извор Комит во населба Први Реон.
Пункт бр. 2 – 13:30 часот секој ден: Раскрсница на улиците „Солунска“ и „Брегалничка“, кај Џамијата во населба Втори Реон.
Пункт бр. 3 – 15:30 часот секој ден: Раскрсница на улиците „Острец“ и „Илинденска“ (пред продавница „Шака Лака“) во населба Маџир Маало.
Пункт бр. 4 – 17:30 часот секој ден: Улица „Видое Смилевски Бато“, каде се реализира „Расадничка вечер“.
Пункт бр. 5 – 19:30 часот секој ден: Детско игралиште на улица „Велко Влаховиќ“.
Апелираме до сите граѓани на Општина Делчево процесот на дистрибуција на вода за пиење и техничка вода да се реализира во најдобар ред и со почитување на утврдената динамика со лицата на терен.
Упатуваме јавна благодарност до сите вработени во ЈКП „Брегалница“ Делчево и ТППЕ Делчево кои вложуваат натчовечки напори за побрзо надминување на оваа состојба, како и до сите кои веќе покажаа личен интерес за вклучување и помош на институциите во решавањето на проблемот. – објави Гоцевски.
Гоцевски за Инфомакс вели дека прекинот ќе трае најмалку 48 часа, поради специјалната изработка на делот кој треба да се замени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Делчево ќе биде без вода најмалку…
Пукна разводен елемент во главна шахта во…
(Фото-галерија) ООЦК Делчево годинава го освои првото…
На 24 јуни 2026 година, во преполната…
Во Делчево уреден парк со цитати од…
Во Делчево е уреден уникатен парк со…
Љутков од Разловци: Со 25 милиони денари,…
Македонија предолго живееше со страв да не…
Мицкоски најави експресен пат Кочани–Виница–Делчево: Почнува подготовка…
Премиерот Христијан Мицкоски најави почеток на активности…