Објавено на:

(Видео) Дел од дрон сo експлозив најден меѓу лежалки на плажа во Романија: Го нашле туристи

t

Дел од дрон бил најден утрово на плажа во романското црноморско одморалиште „Олимп“, на околу 38 километри јужно од Констанца, пренесоа романските медиуми.

Според извори на телевизијата „Антена“, остатоците содржеле експлозивно полнење.

Делот бил најден меѓу лежалките на плажата, посочува телевизијата. Пристапот за туристите до зоната е ограничен. Неколку луѓе поднеле пријава.

Остатоци од дрон синоќа биле најдени и на бранобранот на крајбрежното шеталиште во Констанца, во близина на легендарното „Казино“ во црноморскиот град.

Шести ден по ред остатоци од дронови ги држат под тревога населението и властите во Романија, потсетува „Антена“. Изминатите денови романските власти во неколку наврати испраќаа борбени авиони и хеликоптери за да ги следат нападите со дронови во близина на границата со Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…