(Видео) Дел од уапсените се пензионери, единствениот активен началник кој е уапсен поднел оставка два месеци пред трагедијата и не му ја прифатиле, Коцевски тврди истрагата не е селективна

t

Еден разрешен командир на полициската станица Кочани и 5 пензионирани полициски службеници и началници се меѓу осомничените и приведени во проширување на истрагата за пожарот во Кочани. За проширувањето на истрагата со нови осомничени, државниот обвинител Љупчо Коцевски соопшти во синоќешното издание на ТОП Тема на Телма.

Според првичните информации од обвинителството 10 полициски службеници се меѓу новоосомничените и сите приведени се во полициски станици во Скопје. Сите се осомничени за постапки во доделување на сообраќајни решенија за Пулс во минатото, за период од 2012-та до 2022-ра.

Обвинителството соопшти дека осомничените „не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за издавање лиценца за Кабаре „ПУЛС“, во делот на безбедноста во сообраќајот и јавниот ред и мир. Со издавањето на согласностите сите заедно му овозможиле на правното лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност, иако истото не ги исполнувало предвидените услови.“

Тројца се веќе приведени, а меѓу останатите 7 има пензионери кои се во пензија од 2018-та година. Петмина од уапсените биле началници во штипската, а двајца во кочанската полиција. Обвинителството ќе бара мерки на претпазливост, а не притвор.

Меѓу 7-ната новоосомничени има само еден акетуелен полициски началник, но не за извршување на функцијата во време на пожарот туку за постапка пред повеќе години. Инаку истиот наводно бил во процедура за оставка два месеци пред да се случи несреќата. Дел од уапсените, според сознанија на Телма, во минатото ги одбивале барањата за сообраќајно решение за паркинг за објектот во кој се наоѓа Пулс, но одобренијата сепак биле изготвувани во општина Кочани.

Голем дел од одобренијата биле барани само за објект, а не за кабаре или ноќен клуб бидејќи во периодот за кој се осомничени пензионираните началници, Пулс ниту имал ниту барал лиценца за специфична угостителска дејност.

Обвинителот Коцевски и покрај тоа што со истрагата досега се опфатени поранешни полициски началници за дела од претходен период, вели дека не станува збор за селективност како што се се почести толкувањата на јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Историски момент: Грција добива астронаут во Вселената

Човекот кој треба да стане првиот грчки…

Израел уби висок командант на Хамас во…

Израелската армија во петокот соопшти дека убила…

Турција предлага формирање полициска агенција Туркпол со…

Турскиот министер за внатрешни работи, Мустафа Чифтчи,…

Британските пратеници го одбија предлогот за легализација…

Британските пратеници денеска го одбија предлогот за…

АНБ со документарен филм за историјата, сегашноста…

По повод Денот на Агенцијата за национална…