(Видео) Денес 27 „Марш за ангелите“ во Кочани

t

Инцидент имаше денеска во Кочани при маршот на ангелите, откако учесниците го затекнаа обвинетиот за пожарот во „Пулс“, поранешниот градоначалник Ратко Димитровски, во кафеана во друштво на актуелен кандидат за градоначалник на Кочани од една партија.

Учесниците на Маршот за ангелите кои проаѓаа покрај објектот ги видоа заедно и вербално се соочија со нив.

Инаку, попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“ по дождливо време и според вообичаената маршрута, но без давање официјална изјава од нив, што досега беше начин на комуникацијата на родителите на починатите со јавноста.

Преку испишаните пораки на транспарентите, тие и денеска за трагедијата во „Пулс“ ги обвинија институциите, од кои бараат правда и праведно судење. Десетина минути беше блокиран сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“, кај двојниот мост на Кочанска Река.

Маршот за нивните ангели родителите го почнаа од „Паркот на Револуцијата“, од каде се упатија кон Трговскиот центар. Марширањето продолжи кон Основниот суд со кратки запирања пред зградата на УЈП и Полициската станица.

27. „Марш за ангелите“ во Кочани денеска заврши каде и што почна – во „Паркот на Револуцијата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пентагон подготвува четири опции за Европа

Пентагон ќе му претстави најмалку четири опции…

Спајиќ: По затворањето на нови поглавја со…

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, на својот профил…

Тргнува градскиот воз во Скопје: Објавен возниот…

Од 1 септември почнува да сообраќа градскиот…

Не чека пеколен празничен ден – температури…

За празничниот ден не чека сончево и…

Сајбер-напад врз три британски аеродроми, украдени податоци…

Податоците на 8,7 милиони корисници се украдени…