(Видео) Детали за големата акција на МВР во Карбинци: Запленети 15.500 стебла канабис!

t

На подрачјето на општина Карбинци, полицијата ги приведе Н.С.(56), А.Н.(37) и М.С.(36), сите од село Карбинци, Штипско, бидејќи кај нив се пронајдени и одземени околу 15.500 стебла од растението cannabis sativa, од која при берба би се добиле околу 8 тона марихуана, со пазарна вредност од над 5 милиони евра.

Имено, по преземени мерки и активности полициски службеници во Карбинци открија површина од околу 1.300 м2 засадена со околу 15.500 стебла од растението cannabis sativa, од кои дел во цветови. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, и со претходно обезбедени Наредби за претрес на дом и други простории од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на 5 локации во Карбинци во врска со производство на наркотична дрога марихуана, при што кај едно лице се пронајдени 690 растенија канабис, кај второто лице 36 растенија, а во нива сопственост на третото лице се пронајдени 15.415 растенија канабис, како што соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР демантира: НЕМА ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ ВО…

Министерството за внатрешни работи вели дека не…

(Видео) ОБИД ЗА КИДНАПИРАЊЕ НА ДВЕ ДЕЦА…

Обид за киднапирање на две деца е…

При претрес во Валандово пронајдени марихуана, семки…

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи…

Кривична пријава за неовластено пуштање во промет…

На ден 19.08.2022 година, Секторот за контрола…

Претрес на МВР во кумановско: Утврдени неправилности…

Полицијата во соработка со претставници на други…