(Видео) Детално објаснување од директорката на КХС, што се случуваше во претпријатието, имало и закани: ВИЕ СТЕ ЖЕНА, ИМАТЕ ДЕЦА, ВНИМАВАЈТЕ!

t

Им се извинувам на граѓаните, но и на вработените за невидениот стрес на кој беа изложени и големо благодарам за трпението кое го покажаа граѓаните во овие неколку дена, вели во днеешната вонредна емисија на Тешки Муабети со директорката на ЈП Комунална хигиена Косана Николиќ-Мазнева.

– Кога ќе влезете како директор во вака особено специфично претпријатие, треба да се стишите и да видите што и како ќе работите. Јас започнав со статистички податоци и закони, како се регулира работата на претпријатието, после одредне период влегов во шема, сфатив дека има голем број на вработени, еден дел редовно, еден дел ангажирани преку Агенција за привремено вработување.

Забележав и дадов наредба и налог да се внимава на редовноста на работниците, забележав голема раздвиженост, да се знае кога е работното време, кога пауза. Претходно со години луѓето биле навиканти на комотно однесување, за што потоа решив да ги санкционирам одредени луѓе на кои јас не им ги прекинав договорите, бев толерантна и чекав да им истечат, објасни директорката која ја објасни целата хронологија на настаните:

– Многу тешка квалификација е да залепите етикета дека брка некој луѓе од работа, тоа е нонсенс. За да избркаш човек од раобта мора д апостојат подредени факти и се да биде поткрепено со закон. Специфично е претпријатието има 1300 вработени, поделено е на два дела, еден дел даватели на услуги кои спаѓаат под Закон за работни односи и колективниот договор, и еден дел на административи кој ги регулира Законот за јавни службеници.

Кога некој не доаѓа на работа се поведува постапка дисциплинска, се формира комисија, таа констатира, директорот постапува. Втор случај е кога три дена не дошол на работа, веднаш се дава отказ.

Јас за трета смена потпишувам да им се даде 35% плус ноќен труд, забележав после неколку месеци дека едни исти лица не доаѓаат на работа, правната служба објасни дека смените мора да ротираат, немо истите лица кои ги имаше на исте списоци претходно.

Јас веднаш потоа донесов наредба да се ротираат смените, едни исти луѓе 30 години биле трета смена и 30 години земаат покрај основната плата и 35% ноќен труд.

Додека они тоа го земаат, овие што се постојано прва и втора земаат нула додаток, а се одлични работници. Тие што се трета смена, дел биле добри работници ама тоа што вие правите опструкција на системот за да ги земате тие 35% ноќен труд не ви дава за право да го блокирате претпријатието и да го спрочувате работниот процес, тоа е кривично дело, направија жив ѕид за да не може камионите да излезат, додава Мазнева која објасни дека на работниците од прва и втора смена им се заканувале по животот нивен и на нивните смеејства.

-Пазете што правите, вие сте жена, имате деца, внимавајте каде ќе одите и какви одлуки ќе носите, се дел од заканите од дел од вработените во трета смена кои ѝ биле упатени на директорката Мазнева.

Следете ја емисијата во живо во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неправилно одлагање отпад во седум скопски општини…

Како што информираат од претпријатието ЈП Комунална…