(Видео) Директорката на Комуналец спроведена со лисици: Во тек е полициска акција во Гостивар, уапсени директорот и менаџментот во ЈП „Комуналец“
Според информации до кои дојдовме, во тек е координирана акција на надлежните институции во врска со случајот со загадувањето на водата за пиење во Гостивар.
Како што дознаваме, приведени се по итна постапка на три лица од ЈП „Комуналец“ – Гостивар: вршителот на должност директорот Аратана Асани, раководителот на Одделението за водовод Вадедин Дервиши и техничкиот директор Леон Нуредини.
Според истите информации, активностите се спроведуваат во координација со Основното јавно обвинителство, а предметот првично се води во насока на сомнение за кривичните дела „Загадување вода за пиење“ и „Тешки дела против животната средина и природата“ согласно Кривичниот законик.
Надлежните институции засега не објавуваат официјални детали за текот на акцијата, а се очекува во текот на денот да следува официјално соопштение со повеќе информации за преземените мерки и текот на денот.
Според неофицијални информации до кои дојдовме, извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека од четирите испитани примероци на вода, во два се пронајдени фекални колиформни бактерии, а во еден примерок е утврдено и зголемено присуство на хлор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Митровски: Михајлов стана Бугарин кога стана осуден…
Адвокатот Јанаки Митровски, во објава на Фејсбук,…
Зеленски: САД вршат притисок Украина да капитулира
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешните…
Трамп ја брани одлуката за Русија: Украина…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја образложи својата…
Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница…
Остри критики кон раководството на СДСМ предизвика…
МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница…
Министерството за внатрешни работи соопшти дека изборниот…