(Видео) Директорот на ЕСМ до Мицкоски: Јави им се на компаниите со кои имаш контакти и побарај да достават официјални понуди
Директорот на ЕСМ беше дециден дека доколку евентуално пристигнатите понуди ги исполнуваат овие критериуми и доколку овие понуди по препорака на Христијан Мицкоски имаат најниски цени и доколку ќе донесат бенефит на државата и на ЕСМ од 300 милиони евра државната компанија веднаш ќе склучи договори за испорака на овие енергенси за грејната сезона.
Директорот на државната компанија АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски денеска во изјава за медиумите јавно го повика лидерот на ВМРО-ДППМНЕ, Христијан Мицкоски веднаш да ги исконтактира компаниите со кои тврди дека има контакти и кои можат да достават мазут и природен гас по цени со кои државата ќе заштеди 300 милиони евра и да побара тие фирми најдоцна до среда да достават официјални понуди до ЕСМ.
Ковачевски истакна дека секоја понуда која што е пристигната и е во насока за подобрување на енергетската криза е добредојдена.
„Токму затоа ја користам приликата јавно да го повикам христија мицковски денеска веднаш да ги исконтактира тие компании од кои што има индикативни понуди и за кои што кажа дека имаат важност од една недела. Истите тие компании во текот на следните неколку денови, но не подоцна од среда да достават официјални понуди до акционерското друштво“, рече директорот на ЕСМ.
Понудите, како што нагласи тој, треба да содржат технички карактеристики на енергенсот кој што го нудат, односно мазутот илии природниот гас да ги имаат потребните сертификати, да ги имаат сите потребни лиценци, да ги имаат обезбедно количините кои што ни се потребни, а тоа се 250 илјади тони мазут и 250 милиони нормални метри кубни гас, потоа да имаат договори со добавувачите, да имаат обезбедено логистика и транспорт на енергенсите до производните капацитети, а тоа значи мазутот да се достави до ТЕЦ Неготино, РЕК Битола и РЕК Осломеј, а природниот гас да се достави до ТЕ-ТО и топланите во Скопје.
„Да има и динамика на испорака согласно производниот план на АД ЕСМ и на крајот да ги имаат обезбедено банкарските гаранции, едната за сериозност на доставената понуда, а втората за квалитетно извршување на постигнатите договори. Впрочем ова се критериуми и услови кои што и досега се барале во сите јавни набавки на овие енергенси“,
посочи Ковачевски, додавајќи дека доколку евентуално пристигнат ваквите понуди до АД ЕСМ комплетни како што напоменавме истите согласно законот за јавни набавки на енергенси веднаш ќе бидат разгледани од Комисијата за јавни набавки на АД ЕСМ.
Директорот на ЕСМ беше дециден дека доколку евентуално пристигнатите понуди ги исполнуваат овие критериуми и доколку овие понуди по препорака на Христијан Мицкоски имаат најниски цени и доколку ќе донесат бенефит на државата и на ЕСМ од 300 милиони евра државната компанија веднаш ќе склучи договори за испорака на овие енергенси за грејната сезона.
Доколку вакви понуди не пристигнат, Ковачевски рече дека јавноста ќе биде дополнително известена за текот и исходот на постапката што ја имаат спроведено.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера на брифинг со новинарите го образложи својот предлог и кажа „ВМРО-ДПМНЕ обезбеди индицирани понуди за набавка на 200 000 тони за ТЕЦ Неготино и 250 милиони кубни метри гас за гасната централа ТЕ-ТО, со кои значително ќе се ублажи енергетската криза во Македонија и ќе се заштедат најмалку 300 милиони евра“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…
Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…
САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…
Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…
КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…
Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…
ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…
Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…