(Видео) ДКСК ОФОРМИ ПРЕДМЕТ ЗА МОЖНО ПРИКРИВАЊЕ НА ИМОТ ОД ЈАНУШЕВ ПО ТЕКСТ НА ИНФОМАКС!
ДКСК оформи предмет за Игор Јанушев и уште три лица за кои се бара проверка на имот, откако Инфомакс претходно пишуваше за фирми во соседна Бугарија во кои удел во сопственоста има и сега веќе поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, кој е и поранешен директор на ЈСП Скопје.
На прашање на Инфомакс од ДКСК ни одговорија дека:
– „До ДКСК од страна на Управата за финансиско разузнавање доставена е преставка на надлежно постапување која до Управата била поднесена од непознат подносител, со наводи против три лица, меѓу кои и лицето Игор Јанушев поранешен директор на ЈСП Скопје. Во пријавата се бара проверка на имотот на посочените лица за кој имот се наведува дека не го пријавиле во анкетните листови поднесени до ДКСК. Од страна на ДКСК по пријавата е оформен предмет во Одделението за следење и испитување на имотната состојба. Постапувањето по предметот е во тек.“
Инфомакс претходно објави ексклузивни документи за фирми во Бугарија во кои Јанушев има сопственички удел, а не се пријавени во неговиот анкетен лист.
Детали прочитајте на текстот во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…
Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…
Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…