(Видео) Додека се занимаваа со Ива: Повторно погодени бродови во Црното Море кај Бугарија
Трговски брод што пловел под малтешко знаме бил погоден од три дрона во Црното Море, на 18 наутички милји од брегот, источно од градот Бјала, односно шест милји надвор од границите на територијалните води на Бугарија. Информацијата беше соопштена по вонредната седница на безбедносните служби. Премиерот Румен Радев најави дека ќе разговара со шефот на НАТО Марк Руте и дека ќе ја повика руската амбасадорка елеонора Митрофанова.
Првата пријава за нападот врз бродот „Челси 3“ била примена во 1:57 часот по полноќ од дежурниот координатор на Регионалниот центар 112 во Варна. Првичните информации укажувале дека бродот се наоѓал на оддалеченост од 15 наутички милји од брегот.
Повикот бил упатен од дежурниот во „Варна сообраќај“. Според првичните информации, бродот бил изграден во 2006 година и со него управувала компанија со седиште во Украина. Пловел од турското црноморско пристаниште Гиресун кон Џурџулешт.
Според порталот „Maritime.bg“, бродот бил нападнат со три дрона.
Станува збор за пловило долго 136 метри. Последната инспекција била извршена во Бари, Италија, на 12 август, кога биле утврдени 11 неправилности. Тие, сепак, не биле причина за задржување на бродот или забрана за пловидба.
Бугарскиот премиер Румен Радев соопшти дека екипажот на „Гранична полиција“ го спасил целиот екипаж на бродот – седум украински и осум азербејџански државјани. Бродот „Челси 3“ пловел под малтешко знаме, бил регистриран во Одеса и бил во украинска сопственост.
Екипажот бил пренесен до пристаништето во Варна, каде што на петмина членови им била укажана медицинска помош поради полесни повреди.
Според првичните информации, во нападот биле повредени 12 лица. Засега нема официјални информации за товарот на бродот ниту за евентуални загинати.
Во изминатите часови бил нападнат и втор брод со беспилотни летала, овојпат на 17 наутички милји источно од Крапец. Информацијата ја соопшти премиерот Румен Радев на вонредната седница на Советот за безбедност при бугарската влада.
Бугарија ги известила своите постојани претставници во НАТО и Европската Унија. Радев најави и разговор со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Бугарија и понатаму бара поддршка за истрага на нападите, за точно да се утврди од која држава потекнуваат дроновите“, изјави Радев.
Тој додаде дека земјата ќе продолжи да бара помош за зајакнување на надзорот над воздушниот и поморскиот простор, како и за подобрување на капацитетите за реакција.
Активностите за пребарување и помош на настраданите продолжуваат.
Вршителот на должноста главен секретар на бугарското Министерство за внатрешни работи, главниот комесар Љубомир Николов, потврди дека се погодени два брода. Тој најави дека ќе ги разгледа сите детали за инцидентите пред да биде објавена дополнителна официјална информација.
„Нашата улога ќе биде да ги координираме активностите на Граничната полиција, полицијата и, секако, војската, која ќе учествува во спасувачката операција“, изјави Николов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Додека се занимаваа со Ива: Повторно…
Трговски брод што пловел под малтешко знаме…
Војната со Иран ги чини американските семејства…
Војната со Иран создава сè поголем финансиски…
Трамп не верува дека Кина и Русија…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Жесток ракетен напад врз Киев: Најмалку шест…
Украинската престолнина Киев повторно се најде под…
Трамп тврди дека Русија и Украина се…
Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика нови реакции…