(Видео) Дојдовме во Македонија да го дадам животот на мојот сопруг за на крај државата да ни прати извршители! Требаше да извадам партиска книшка?!

t

Секоја чест на Албанците, тие знаат за што се борат, се грижат за секое семејство. Погледнете само какви меморијални споменици имаат, педесет-метарски, во секое село, се срамам да кажам дека сум Македонка, дека сум сопруга на еден командант што погина…

Јас сум бранител, поминав Хрватска, Косово, Македонија и во Македонија дојдовме да го дадам животот на мојот сопруг и моето семејство да не вреди ништо во општеството. Врз основа на тоа семејство многу луѓе добија секакви материјални богатства, јас не барам нешто што не го заслужувам, јас сум хуманист, крводарител, сум дала крв 105 пати, вели Надица Мирчовска, бранител во 2001 година и сопруга на загинат командант на воената полиција.

– Да се стави крај на тие голготи, на тие страдања на народот македонски напатен, доста више на предавниците, на издајниците. 30 години се бориме со институциите, 30 години од едната па другата власт.. Што требаше да направам? Да извадам партиска книшка?! НЕ! Јас сум бранител, јас сум соптуга на погинат бранител, државата е таа што требаше да ме заштити, а не јас да се срамам да кажам дека сум припадник на безбедносните сили и моите две деца да се срамат да кажат дека татко им погинал.

Имаме ние споменик во Жена парк, во тој споменик дојде братучед ми од Франција ме праша дадо за што погинаа? Каква хронологија има? Се срамев, а самата сум свесна дека е така, на секој споменик има кој за што погинал, за чии идеали, тука нема никаква хронологија…

Тоа беше само поставено колку еве да има, бранителите да имаат еден споменик. Ние направивме споменик, распукан куршум, во Ѓорче Петров со наши средства и тоа на добра волја на градоначалникот кој не’ познава.

Никакво чествување немаме, нека каже еден министер, претседател, кој дошол на гробот? Не знаат ни каде е погребан мојот сопруг…

СРАМ ЗА ДРЖАВАТА! И ние сега се лутиме на Албанците, се извиувам ама нас Албанците не ни се криви. Они си добија со Рамковниот договор што сакаа, од знаме, јазик и да не зборувам… Добија Министерство, тоа е секоја лест за Албанците, знаат за што се борат, знаат да почитуваат, нашите не знаат да почитуваат.

Каде се нашите патриоти, секој ден гледаме дека се удараат во гради, со која компетентност, со која заслуга, со којачест, се крстам иси викам Боже чувај ми го паметот, што зборуваат овие???!

СРАМ ЗА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! Не зборувам за сите Макеоднци, ама има мал дел предваици кои ние си ги бираме.

Го дадовме животот за таа татковина, а за возвта добиваме удари од таа држава и на крај извршители, за нешто што не сме го сториле, за нешто што го режираат…

Патриотите и хероите отидоа под земја, сите погинати без издадени и предадени! – раскажа Надица.

ЛИНК ОД ВИДЕОТО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Небензја: Денеска над Балканот демне опасност од…

Постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН,…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…