(Видео) Драма во Албанија: На големите протести на опозицијата нокаутиран Сали Бериша!

t

Лидерот на албанските демократи Сали Бериша денеска беше нападнат за време на протестот што се одржува во Тирана, каде се одржува Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Бериша беше удрен со бокс во лице, од 25-годишен маж, кој присутните, го оттргнале и го претепале па е пренесен во болница.

Бериша, иако беше удрен во лицето, излезе на говорницата и ги поздрави учесниците велејќи „ништо на светот нем да го порази народот и опозицијата“..

-Ништо на светот не може да нè победи нас, луѓето на опозицијата, луѓето на победата. Долу Еди Рама, долу криминалците, ќе победиме. Да живее албанската опозиција. Голема почит што сте овде денеска за да протестирате против режимот на криминалците. Ви благодарам многу.

Протестот се одржува во близина на хотелот „Дајти“, а учествува и лидерот на Партијата на слободата Илир Мета.

Демонстрантите не се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и оградата која е поставена на булеварот „Народни херои“, каде целосно е забрането движењето.

Учесниците извикуваат “Рама оди си“, „Рама мафија“ а оние кои се обратија кажаа дека не се против ЕУ туку за и оти ова е начин да им ја кажат на европските лидери вистината за Албанија “заробена од мафијата предводена од Рама”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванковска: Мојата цел не беше да победам,…

Кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска…

Ковачевски: Јасно е дека граѓаните не казнија…

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача…

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што…

Резултатите не се такви какви што ги…

Полиција пред штабот на „Вреди“ додека ДУИ…

Кордон полицајци е распореден пред штабот на…

Битиќи: Коалицискиот капацитет ќе биде одлучувачки за…

„За вториот круг на претседателските избори клучно…