(Видео) Драма во Велес: Пијан возач им влегол со кола во дневна!
На улица „Прохор Пчински“ во Велес, вчеравечер, патничко возило „фолксваген“ со радовишки регистарски ознаки, удри во ѕид од куќа, го проби и им влезе во соба на сопствениците. Возачот Е.В.(23) од Радовиш избегал од местото на сообраќајната незгода. Возачот бил пијан и немал дозвола за возење на автомобил. Нема повредени членови на семејството туку причинета е голема материјална штета. Случката е пријавена во полиција.
„На 23.07.2025 година, во 19:55 часот на улица „Јордан Џурнов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Е.В.(23) од Радовиш. По преземени мерки, возачот и возилото биле пронајдени, при што било констатирано дека Е.В бил под дејство на алкохол, односно имал 1,92 промили алкохол во крвта, а возилото го управувал пред да се стекне со право на управување со моторно возило. Е.В. бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.
Извор: Дума
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…