(Видео) Драма во Ливерпул: Маж со пушка им се заканувал на вработени во кино, полицијата го уапси
Маж е уапсен по извештаите дека пукал во кино во Ливерпул во средата навечер. Киноот во Крокстет е затворено откако маж им се заканувал на вработените пред да отвори оган. 49-годишниот маж бил уапсен од полицијата неколку часа по инцидентот во Фазакерли, пренесува Би-Би-Си.
Од полицијата велат дека никој не бил повреден. Полицијата во Мерсисајд била повикана во киното околу 20:50 часот по локално време, кога било пријавено дека маж влегол во местото и пукал со пушка.
Околу 20 минути претходно, со пиштол било пукано во продавница во близина на киното. Видеата на социјалните мрежи покажаа голем број полицајци во областа, вклучително и вооружени единици. Трговскиот парк Стоундејл и сите продавници во областа ќе останат затворени додека полицајците продолжуваат со истрагите.
Помошникот началник на полицијата, Џен Вилсон рече: „Шокантното и вознемирувачкото влијание што овие инциденти ќе го имаат врз продавачот, персоналот во киното и оние гостите кои се најдоа во ситуација на заклучување во комплексот откако истрелите беа испукани надвор од киното. Секако и жителите на градот не можат да се потценат“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Напад на бомбаш-самоубиец, најмалку 14 загинати…
Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци,…
(Видео) Нападнат е Иран, одекнуваат експлозии во…
Израел започна воздушни напади врз централен и…
Деветмина загинати во израелски воздушен напад над…
Во денешните израелските воздушни напади врз јужен…
Нарачал производи, па го ограбил и натепал…
На 05.06.2026 во 22:30 часот во СВР…
Саудиска Арабија го осуди иранскиот напад врз…
Саудиска Арабија го осуди утринскиот ирански напад…