Објавено на:

(Видео) Драма во Полска: Полицијата влезе во Уставниот суд, опозицијата обвинува за судски државен удар – претседателот го прекинал патувањето

t

Полска се соочува со нова политичка и институционална криза, откако се појавија информации дека полициски сили влегле во комплексот на Уставниот трибунал во Варшава, додека опозицијата обвинува за обид за насилно преземање на една од најважните судски институции во земјата.

Според првичните информации, ситуацијата ескалирала до степен што полскиот претседател Карол Навроцки наводно го прекинал своето патување и наредил претседателскиот авион, кој се наоѓал над Шпанија, да се врати кон Варшава.

Полициската интервенција следувала по пријава од судија за наводни закани кон судиите и вработените во Уставниот трибунал. Според информациите што кружат, три лица биле приведени откако ја прескокнале оградата на комплексот.

Во центарот на конфликтот е спорот околу раководството на Уставниот трибунал, институцијата задолжена да ја оценува уставноста на законите и одлуките на државните органи.

Претставници на Трибуналот наводно го квалификувале обидот за суспендирање на неговиот претседател и потпретседател како „државен удар“, додека опозицијата тврди дека се спроведува присилно преземање на судската институција.

Од друга страна, владата на премиерот Доналд Туск ги отфрла ваквите толкувања и, според првичните извештаи, тврди дека полициското присуство има цел да ја обезбеди институцијата во услови на продолжен спор околу судските именувања.

Судирот се случува во атмосфера на длабока политичка поларизација во Полска, каде што прашањето за независноста на судството и легитимитетот на судските институции со години претставува едно од главните жаришта меѓу политичките блокови.

Враќањето на претседателот Навроцки, е дополнителен показател за сериозноста со која полскиот државен врв ја третира ситуацијата.

Според Ројтерс, суспензијата на претседателот на Трибуналот, Богдан Швјенчковски, е потврдена, додека полската полиција негира дека нејзините активности претставуваат мешање во работата на судот. Полицијата, исто така, демантира дека насилно ги отстранила припадниците на судското обезбедување.

Официјалната веб-страница на полското претседателство потврди дека Навроцки го прекинал летот кон Сенегал поради случувањата во Уставниот трибунал.

Дел од опозицијата зборува за „судски државен удар“, засега нема независна потврда дека станува збор за организиран државен удар, а не за ескалација на долгогодишниот институционален конфликт.

Извори: Ројтерс, Полско радио, Канцеларија на претседателот на Полска, 30 октомври 2026 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Драма во Полска: Полицијата влезе во…

Полска се соочува со нова политичка и…

Димитриеска Кочоска: Стабилни јавни финансии, повеќе инвестиции…

Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2027…

Јотова со полна уста за Македонија во…

Јотова нема да отстапи ниту сантиметар од…

Српското ЈТОК бара итно доставување на сите…

Обвинителството побара од Министерството за правда, без…

Пресверт во случајот со модуларната болница во…

Советот за казниви дела при Врховниот суд…