(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница
Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник на Националната алијанса за интеграција (НАИ), објави дека нивниот кандидат Аркин Јахији е победник на изборите за градоначалник на Општина Брвеница, по што започна славје.
На фејсбук-профилот на ДУИ објавени се видеа од прославата во Брвеница, а пред симпатизерите што го поддржале Јахији освен тој, се обратија и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Државната изборна комисија ја потврди победата на Јахији. По обработката на податоците од сите 24 избирачки места, тој освоил 4.442 гласа, односно 50,36 отсто од гласачите. Неговиот противкандидат Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, добил 4.177 гласа, односно 47,36 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница
Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…
Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја…
По објавувањето на конечните резултати од вонредните…
Ковачки му честиташе на Јахај за победата…
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки вечерва…
Официјално: Кандидатот на ДУИ победи во Брвеница
Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во…
До 15 часот во Брвеница гласале 40,49…
Вкупно 6.579 избирачи, односно 40,49 отсто од…