(Видео) Д-р Штерјова Марковска: Oрганодарителството е чин на најголемо човекољубие

t

Во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, доктор Жаклина Штерјова – Марковска, интернист на Универзитетската клиника за нефрологија, апелира за важноста на донирањето органи и подигнувањето на свесноста за овој хуман и солидарен чин.

-Јас сум дел од тимот за трансплантација при Универзитетската клиника за нефрологија. Ние како тим сакаме да им се заблагодариме на сите семејства кои во најтешките моменти одлучија да ги донираат органите на своите најблиски и истовремено да упатиме апел и силна поддршка до семејствата кои, во моментите на најголема загуба, ќе одлучат да кажат да за органодарителството како чин на најголемо човекољубие, истакна д-р Штерјова-Марковска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…