(Видео) Евакуиран Ист Гејт Мол

t

Посетителите на скопскиот трговски центар „East Gate Mall“ денеска биле повикани мирно и без паника да го напуштат објектот, поради евакуација што била спроведена во трговскиот центар. Во моментов нема официјални информации за причините за евакуацијата иако се слушале аларми.

Според сведоштва на присутни граѓани, обезбедувањето ги насочувало посетителите кон излезите, додека надлежните служби вршеле проверки на терен. Засега институциите не соопштуваат дали станува збор за безбедносна закана или превентивна мерка.

Пред околу четири недели беа регистрирани дојави за поставени експлозивни направи во трговските центри „East Gate Mall“ и „Diamond Mall“, кои подоцна се покажаа како лажни. Слични закани во скопските трговски центри се повторуваат со години, а досега надлежните не го открија идентитетот на лицата што стојат зад нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Само 265 лица од Македонија со бугарски…

Многу слаб интерес владее во Македонија за…

Новинарка на N1 спречена да влезе во…

Новинарка на телевизијата N1 ги посети просториите…

САД ги повлекува дипломатите и членовите на…

Соединетите Американски Држави забрзано преместуваат дел од…

ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не…

Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети…

Нетанјаху објави слика од нуклеарка: Израел се…

Израел се соочува со егзистенцијална закана од…