(Видео) ЕВЕ ЗОШТО ГО ПОДДРЖУВАМЕ ИЗРАЕЛ! Британскиот МНР мораше да се засолни од воздушен напад на Хамас!
За време на посетата на британскиот министер за надворешни работи, Џејмс Клеверли, на Израел, поради воздушен напад се вклучи сирената за предупредување, по што министерот мораше да најде засолниште.
Видеото од моментот го објави израелското МНР.
„Денес видов поглед на она што го доживуваат милиони секој ден. Заканата од ракетите на Хамас стои над секој Израелец, жена и дете“, рече Клеверли во објавата на социјалните мрежи.
„Ова е причината зошто стоиме рамо до рамо со Израел“.
Портпаролот на британското Министерство за надворешни работи рече дека Клеверли се сретнал со преживеаните од нападите и со високи израелски лидери за да ја укаже поддршката на Британија за правото на Израел да се брани. Тие разговараа за Обединетото Кралство и за тековната безбедносна, воена и дипломатска соработка на Израел.
Министерот ги посети Тел Авив, Ерусалим и јужен Израел, соопшти Форин Офисот.
Велика Британија, заедно со нејзините западни сојузници, изрази цврста поддршка за Израел и ги осуди нападите на Хамас.
Претходно Би-Би-Си објави дека 17 британски државјани, меѓу кои и деца, се мртви или исчезнати во Израел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху е спремен да му ја предаде…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека е…
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Се проверува авион од Израел на аеродромот…
Авион од Израел слетал во Софија и…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…