(Видео) Еве зошто не ја бива државата: Британскиот премиер набркан од доктор кога влезе да посети повредени – Мицкоски однесен од министерот да се слика со повредените!

t

Во 2011 година, британскиот премиер Дејвид Камерон се појави во одделение кое беше помалку сложено од одделението за интензивна нега каде што се лекуваат повредените од Кочани, но се појави шефот на одделението и го избрка премиерот и сите камери.

И веројатно ваквите ситуации се една од главните причини зошто Македонија не ја бива како држава. Вчера премиерот Христијан Мицкоски во очајнички обид за собирање на политичи поени се фотографираше внатре во собите на повредените во трагедијата која го погоди Кочани.

-Денеска ги посетив повредените од трагичниот пожар во Кочани и присуствував на состанокот на кризниот штаб на Министерството за здравство.

Им изразувам огромна благодарност на здравствените работници за нивната пожртвуваност, на соседните земји за поддршката и на сите кои помогнаа во овие тешки моменти. Борбата продолжува, а се прават натчовечки напори сите пациенти да закрепнат и да се вратат дома во добра здравствена состојба.

Како Влада, остануваме целосно фокусирани и преземаме конкретни чекори. Наскоро ќе објавиме информации за начините на помош и донации. Благодарност до сите кои покажуваат хуманост и солидарност, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Инаку при тешки изгореници и сериозни повреди од пожар најголем ризик по здравјето на пациентите е токму опасноста од инфекција на која раните се лесно подложни. Колку за споредба во ситуација во Британија шефот на одделение го брка премиерот од собата каде што лежат пациените, а кај нас во Македонија министерот го спроведува до собата без потребната заштита.

За трагедијата да биде уште поголема Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ги посети повредените од трагичниот пожар во Општина Кочани во ГОБ „8 Септември“ Скопје..

Во оваа болница се лекуваат дел од повредените од пожарот во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…

Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…

Нафтата поскапе откако Иран порача дека ќе…

Цените на нафтата пораснаа за околу два…

Претставничкиот дом ја блокираше иницијативата за импичмент…

Американскиот Претставнички дом ја запре иницијативата за…

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…