(Видео) Еве зошто Христијан Мицкоски не смее да си дозволи влакно да му фали на Висар Ганиу: Затоа молчат оние кои ги продадоа боите свети за парите клети!

t

Малкумина веројатно паметат дека токму градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу кого Арсовска го обвинува за криминал тежок приближно милијарда евра беше главниот преговарач на Влен со ВМРО-ДПМНЕ.

На видеото се гледаат четворица мускетари секој еден од нив е повереник на по еден од тогашните лидери од Влен, а Висар Ганиу е лично на Изет Меџити.

Ова е клучната причина зошто Христијан Мицкоски не прави ништо за да го изведе Ганиу пред лицето на правдата.
Изет Меџити му е еден од најлојалните партнери во Владата затоа што се браќа по кеш и ништо друго не ги интересира ни двајцата.

На видеото можете да ги видите како лично влегуваат во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Отиде ли Висар Ганиу, отиде и коалицијата, отиде и власта, отидоа и фотелјите како и онаа премиерска на Христијан Мицкоски.

Затоа молчи Панче, затоа молчи Христијан, затоа молчи цела Влада. Затоа молчат оние кои ги продадоа боите свети за парите клети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов: Чудно ми е како Радев знае…

Бојко Борисов денеска го искористи своето право…

Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…

Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…

(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…

Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…

(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…

Претставници на новата управа на ТВ Нова,…