(Видео) Еве како Ангел Христов и останатите хистерично им се дереа и ги напаѓаа македонските полицајци пред да бидат уапсени

t

Неколку бугарски медиуми и провокатори на социјалните мрежи објавуваат видеа дека македонската полиција тепала и апсела Бугари на граничниот премин Деве Баир, но никој од нив не пренесува како дел од тие што чекаа да влезат во Македонија им се дереше и закануваше на полицајците кои го обезбедуваат граничниот премин.

Пратеникот во бугарското собрание кој е дел од партијата “Преродба” која е изразито антимакедонски настроена, пропагира анектирање на Македонија и дека не постојат Македонци, беше меѓу провокаторите кои денеска ја нападнаа македонската полиција, а сето тоа го пренесуваше во живо.

– „Неодамна, народниот пратеник од Пловдив, Ангел Георгиев, беше претепан и уапсен од македонските граничари на граничниот премин Ѓуешево додека од неговиот телефон директно пренесуваше на Фејсбук.
Ова веќе не е провокација од хулигани или опозициски партии во Македонија. Ова е бесрамна провокација од страна на владата на Македонија!!!“, напиша на Фејсбук лидерот на „Преродба“ Костадин Костадинов.

Додека неколкумина во Бугарија се обидуваат да претстават колку е Македонија тоталитарна и не заслужува да влезе во ЕУ, македонската полиција си ја вршеше својата работа.

Според пратеникот кој тргна да ја тепа Македонската полиција, граничарите немаат право да претресуваат возила, но тој има право да им вика и да ги провоцира, дополнително да ги снима сите граничари во лице и целиот граничен премин, што исто така не е дозволено.

Полицијата уредно ги предупреди да не снимаат и провоцираат но групата Бугари почна да ги напаѓа полицајците, по што полицијата реагираше и ги апси неколкумината што напаѓаат, а воедно ги предупредуваат останатите дека можат да бидат приведени доколку не го почитуваат редот.

Во продолжение видео кое го објави самиот Ангел Христов, кој на поддршка наиде само кај неколкумина од неговата партија во Бугарија. Сите поголеми медиуми во Бугарија не го пренесуваат овој случај, веројатно затоа што од снимката јасно се гледа зошто и како се приведени Бугарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Шпигел“: Во Бугарија откриено складиште за оружје…

Бугарските истражни органи откриле складиште со оружје…

Бугарија од утре официјално е членка на…

Бугарија официјално стана членка на Шенген просторот…

Два земјотреси рано утринава ја стресоа Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

БУГАРИЈА ОДИ НА НОВИ ИЗБОРИ: Габриел ја…

Направивме многу отстапки“, рече кандидатката за премиер…