(Видео) Еве како ќе изгледа мега паркот во Ѓорче Петров кој го гради Арсовска

t

Општина Ѓорче Петров ќе добие МЕГА ПАРК кој ќе се простира на повеќе од 30.000 метри квадратни. Место кое беше депонија е целосно исчистено и подготвено за создавање на новата паркова површина.

Работните активности и хортикултурното уредување на мега паркот предвидуваат четири фази на изведба, а паркот е предвидено да има три дела на вкупна површина од над 30.000 квадратни метри.

Почетокот на активностите за изведба на овој нов парк го означија градоначалничката Данела Арсовска, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски, директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ангеле Сотировски и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Борис Настов.

Јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“ веќе ја изведуваат првата фаза од овој нов мега парк, односно се изведува подготвително рамнење на површината, прекопување и целосно обележување согласно со проектот за парковската површина. Во оваа фаза се врши трасирање на пешачките и велосипедските патеки и просторот за останатите содржини, а се поставуваат и потребните подземни инсталации.

Предвидено е подигање на зелени површини, поставување систем за наводнување, засадување на над 2.200 дрвја од десетина различни видови, како и дополнителни цветни садници соодветни за оплеменување и зазеленување на парковската површина.

Во завршната фаза предвидено е поставување на урбаната опрема и целосно уредување на просторот со фонтани, клупи, придружни елементи, садови за отпадоци, паркинг за велосипеди, како и соодветно осветлување.

Мега паркот во секој од трите дела има внатрешни пешачки патеки и дополнителни пристапни патеки. Предвидена е изградба на детско игралиште, игралиште за миленици и фитнес зона, со соодветни реквизити, како и изградба на паркинг за посетителите.

– Дел од приоритетните капитални проекти за скопјани согласно со програмата се пет нови мега паркови во Скопје. Затоа, денеска, во општината Ѓорче Петров го означуваме започнувањето на изградбата на првиот мега парк кој го реализираме во Скопје. Како човек кој се изборил со рак, како некој кој изгубил најблиски од оваа подмолна болест, сметам дека не постојат поважни и поприоритетни цели од тоа на секој можен начин да придонесеме Скопје да е град во кој обезбедуваме значително подобар квалитет на живот. Во Скопје отпочнуваме нешто што досега не било направено, 5 нови мега паркови кои долгорочно ќе придонесат за заштита и подобрување на состојбите со животната средина, истакна Арсовска.

Вкупната вредност на проектот изнесува 68.500.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 90 луѓе се удавија откако…

Повеќе од 90 луѓе се удавија откако…

НСДП најостро го осудува бруталното полициско апсење…

НСДП најостро го осудува бруталното полициско апсење…

Шефовите на дипломатиите на Британија и Франција:…

Министрите за надворешни работи на Велика Британија…

СДСМ: Со ДПМНЕ е можно само враќање…

Со ДПМНЕ е можно само враќање назад…

Пендаровски го честита Меѓународниот ден на Ромите

Претседателот Стево Пендаровски по повод Меѓународниот ден…