(Видео) Европа одамна покажа крајно арогантно однесување, практично ни кажа “Вие дома бидете си што сакате, за нас сте робови”

t

Јас уште одамна кажав дека таква Европа на нас не ни треба, доколку не’ перцепира како робови, вели во денешната епизода на “Тешки муабети” професорот Љубомимр Цуцуловски.

Не доведоа до една ваква ситуација и вашата констатација дека сме во безбадежна ситуација сосема соодветствува со она што јас го кажувам и пишувам. Таа е резултат кој започна од осамостојувањето на Република Македонија, вне велам дека е резултат на напуштањето на Југославија, туку дека оттогаш трае.

Јас често се потсетувам на еден текст на 30 јуни 1992 година каде кажав дека во ставот на Евтопската заедница, дека Македонија за внатрешна употреба може да го задржи своето име, но за надворешна употреба ќе мора да го менува, тоа беше одма после Лисабонскиот договор, дека се крие една ужасна ароганција на Европа бидејќи ни порача:

“Вие дома можете да се чувствувате како сакате, цар, император, но за нас секогаш ќе бидете роб, држава што го променила името” и тогаш завршив во тоа мислење со поента дека таква Европа на нас не ни треба. Исто така споменав дека толкку афери се случуваат во Македонија и ние не можеме да ги следиме веќе бидејќи не е тоа снегулка која паѓа па да го следите патот, ниту се две или три туку се наоѓаме во веавица, од ден на ден се случуваат бројни афери и скандали, така што човек едноставно знае дека се наоѓа во една виулица, казан што врие, знае но не знае да се снајде.

Го имавме Рамковниот договор од 2001, не можеме уште да се договориме внатре во државата, ако воопшто уште постои држава, дали беше војна или конфликт. Потоа 2004, територијалната поделба со која многу општини станаа двојазични, тоа одеше според етничкиот состав на населението. Тогаш славната Шекеринска излезе со славната теза дека некои прашања не заслужуваат одговор.

Потоа Преспанскиот, односно нивички договор, во слеото Нивици последниот конгрес го имаат Македонците од НОВ, таму се потпиша нивичкиот договор и тоа има симболика. Бевме против промена на името, референдум, бил неуспешен, оттука станува разбирливо зошто граѓаните на Република Макеоднија, ососбено Макеоднците се наоѓаат во една апатична ситуација во која не гледаат перспектива. Доволи се само овие работи што ги набројав за да бидеме апатични.
Нешто да се објасни или разбере, во овој случај апатијата, не значи и оправдување на таа апатија, не смееме да дозволиме апатијата да доминира со нашит дих, свест и совест кои треба да ги задржиме иако и јас доаѓам до ситуација да се прашам зошто се случува сето ова.
Јас имам целосно разбирање за апатијата но не значи дека ги поддржувам, треба секој во рамките на својата професија или сфера да даде свој придонес, вели Цуцуловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Европа мора да покаже дека не…

Европа мора да покаже дека не е…

Европски систем за правда и целосен ветинг…

Клучна определба во новиот мандат на СДСМ…

Шолц: Војната во Украина би можело да…

„Никој не може да каже дали оваа…

Орбан: Западот е на чекор од испраќање…

Западот е на прагот да испрати војници…

Цената на природниот гас во Европа достигна…

Цената на природниот гас во Европа достигна…