(Видео) Европски фронт ја напушти комисиската расправа за укинување на Пржинска влада
Пратениците од Европски фронт ја напуштија комисиската расправа за предлог-измените поврзани со укинувањето на Пржинската влада, откако ниту еден од нивните амандмани не беше прифатен.
Од коалицијата обвинија дека процесот се одвива според однапред договорено сценарио, без реална намера да се разгледаат нивните предлози.
По напуштањето на седницата од страна на пратениците, преостанатите амандмани беа прочитани и потоа одбиени од страна на комисијата.
Со ова заврши комисиската расправа за предлогот за укинување на Пржинската влада, по што следува гласање по скратена постапка на пленарна седница.
Случувањата ја продлабочуваат политичката тензија околу предложените измени, особено во делот на иднината на Пржинската влада и изборните правила, при што опозицијата предупредува на недостиг од инклузивност во процесот, а власта инсистира на потребата од реформи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чудо по земјотресот во Колумбија: Спасена жена…
Спасувачки тим од Колумбија спаси жена која…
ЕУ од утре со нови правила за…
Во Европската унија од утре се менуваат…
Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…
Уредувањето и користењето на охридските плажи на…
Судење во Салцбург: Македонец и Босанец обвинети…
Пред судот во Салцбург започна судскиот процес…
Американка две години лажела дека е болна…
Жена од Флорида, САД, лажирала дијагноза за…