(Видео) Еден од повредените раскажа детали за кобната ноќ во Кочани

t

Роберт Божинов, еден од повредените во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пред камерата на „Супорт Кочани“ раскажа што се случувало таа кобна ноќ.

„Сè се случи многу брзо, за кратко време се прошири пожарот, јас не успеав да излезам и останав заглавен во дискотеката, но благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, еден од нив ме извлече и ме упатија во општата болница Кочани“, вели Божинов.

Од болницата во Кочани тој бил префрлен во скопската болница „8-ми септември“, од каде пак заминал во Шведска.

Тој се заблагодари на медицинските тимови на трите болници за кои вели дека го спасиле и му помогнале да застане на нозе, но и на сите други добри луѓе кои помогнале во оваа трагедија.

Како што вели, него му помогнал пожарникар кој го извлекол и го упатил во Општата болница во Кочани, од каде го префрлиле во скопската болница „8-ми септември“, од каде пак заминал во Шведска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…

Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…

Нафтата поскапе откако Иран порача дека ќе…

Цените на нафтата пораснаа за околу два…

Претставничкиот дом ја блокираше иницијативата за импичмент…

Американскиот Претставнички дом ја запре иницијативата за…

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…