(Видео) Ексклузивна снимка – тенкови во Паланка: Еве ги тенкови на пат кон Украина
До редакцијата на Инфомакс беше испратена ексклузивна снимка од македонските тенкови кои вчера беа испратени во Украина како воена помош во конфликтот со Русија.
На видеото се гледа поголема колона на текнови која со полициска придружба во Крива Паланка се испраќа до граничниот премин Деве Баир каде ќе биде превземена од бугарската полиција.
Министерството за одбрана вчера потврди дека снимките кои денеска се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа транспорт на тенкови, се автентични и дека се работи за тенкови кои Македонија ги испраќа како донација за Украина.
„Би сакале да посочиме дека врз основа на извршените анализи, препораки и усвоени планови за опремување на Армијата на Република Македонија во наредниот период ќе се изврши трансформација односно расформирање на тенковскиот баталјон и ќе се пристапи кон воспоставување на модерни и современи противоклопни способности и капацитети во Армијата, а реализацијата на овие планови веќе е во тек. Исто така, согласно Долгорочниот план за развој на одбранбените способности 2019-2028 г. наведено е дека нема да се инвестираат дополнителни средства во модернизација и опремување во тенковски капацитети. Имајќи ја во предвид ваквата фактичка состојба, како и побарувањата од страна на Министерството за одбрана на Украина, Владата донесе одлука да ѝ донира на Украина одредена количина од овие капацитети кои им се неопходни за нивни потреби“, велат од министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Брачни двојки до 35 години нема…
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,…
Мицкоски најавува посета на комитетите низ цела…
ВМРО-ДПМНЕ започнува нова кампања „Очи в очи,…
ЈА НАПАДНАЛ ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА – 38-годишник приведен…
На 21.11.2026 во 23:00 часот, полициски службеници…
На Вучиќ му се закануваат до осум…
Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, лично…
Заканувачко писмо во канцеларијата на претседателката
На 18 ноември во 9:50 часот во…