(Видео) ЕКСКЛУЗИВНО – ВОНРЕДНА ВЕСТ: СЕ ЗАПАЛИ ВОЗИЛО НА ПРАТЕНИК ОД ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп!

t

До редакцијата на Инфомакс пристигнаа видеа и информација дека доцна вечерва, околу 1.40 часот во Прилеп избувнал пожар во возилото на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.

Според нашите досегашни информации на лице место интервенирала проивпожарна екипа со едно противпожарно возило, била присутна и екипа на итната медицинска помош, а лично присутен бил и пратенкот Ристески.

Пожарот е изгаснат, а според досегашните информации нема повредени лица, предизвикана е само материјална штета на опожареното возило.

Не се знаат причините за пожарот, ниту дали постои сомневање дека истиот е подметнат и ако да, од која причина.

Неодамна, опожарено беше возилото на братот на пратеникот Јован Јаулески од Струга

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апел за помош: Да му помогнеме на…

Почитувани пријатели,ова е мојот син Петар има…

(Фото+Видео) Се бараше во јама до 70…

Се уште се бара исчезнатиот Петар Џобоски,…

(Видео) Петар кој ја насмеа Македонија стана…

Петар е детето кое ја насмеа македонската…