(Видео) Ексклузивно: Зошто ГРОМ ја раскина коалицијата во ВМРО-ДПМНЕ?

t

Градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски ја објасни ситуацијата околу раскинувањето на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

– “Оваа работа тлее подолго време, што беше, беше пред локалните избори, сепак мислам дека таа работа имаше среќен крај и сметав дека требаше нормално да функционираме но очигледно Мицкоски не можел да ја преболи, да ја свари победата моја во Карпош.

Веројатно имал други математики што јас очигледно ги растурив и од почетокот ние имаме натегања и недоразбирања за работи што се сосема нормални.

Иако мандатот ми започна без желба за реванш, со желба за соработка во интерес на граѓаните, но за жал и кога зборуваме за крајно логични работи остануваме без одговор. Налуѓето во очите им се чита дека одговорот не е кај нив, туку лежи кај некој друг.

Преминав и преку тоа сопругата на Мицкоски да дели флаери на плоштадот Делфина, не можам да прифатам градски паркинг ГРОМ да даде директо, не можам да преминам и преку политичките промашувања кои не ги право ГРОМ туку ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Да ве потсетам пред парламентарните избори за време на полициски час не одеше ли по кафани и во теретани, с есе тоа грешки што им даваа сила на СДСМ.

Собиравме 130.00 потписи против пописот и што направивме? Народот да не се попише и да излезме Македонците 56%…

Каков е односот на силите во Град Скопје, управните одбори и слично, Алијанса колку управни има – 36, а ГРОМ и останатите по колку имаат? Или еден или ниеден!

Го критикуваат Заев дека се им дал ан ДУИ,а тој им дава се на Алијанса. Тој нема слух за потребите на коалиционите партнери, ние рамо до рамо се боревме со ВМРО и на коцка конкретно јас го ставив најсветото, слободата и здравјето. Ме апсеа, во притвор без опериран од карцином на бешика. За се тоа ние не бараме ордени туку бараме разговор и почит но очигледно она што тој го покажува, како ќе се однесува кога ќе биде власт, а ни стави до знаење уште додека не е на власт.

Ме прашуваат со кого сега во коалиција? Не морам да бидам со никој во коалиција. Нека видат граѓаните каков ќе биде Мицкоски кога ќе биде власт. Неговиот метод на функционирање е опструкција на се, да не се изберат уставни судии, Парламент, Општина Карпош… до каде ќе оди таа политика?

На референдумот јас и ГРОМ бевме експлицитно за бојкот, кој калкулираше до 5 попладне? Само ние имавме јасен став за тоа прашање.

Кај граѓаните има чувство дека се колаборира со владејачката гарнитура и не се сака да се дојде на власт. Јас не можам да препознаам лидерски капацитети за водење на коалицијата, да се нагази цврсто или да се соработува со власта во одредени прашања.

Како му функционира односот со градоначалничката Арсовска? Вака ќе ја водиме државата? Што ГРОМ направи кикс или штета на коалицијата? Ние ќе голтаме и ќе бидеме привезок што ќе ги трпи последиците?

Што се случи со делевските плацови, тоа се новите лица што ќе ја водат државата?

1,6 милиони од опозиција, што ли ќе биде кога ќе дојдеме на власт? Ќе прозбориме ли за местенки на тендери, каков е тој начин да се разговара со коалиционен партнер со обиди да се подметнува напреди, урбана мафија, атентатор… Урбаната мафија се појави откако вие бевте на власт, ќе го спомнете ли Владо Мисајловски-Кендо?

Цело време стапот го јадам јас и од граѓаните и од институции, а тактиките биле нивни внатрешни и сега зборуваме за урбана мафија. Во мое време се 37 згради изградени, а нивните општини има преку 200″, вели Јакимовски.

Следете ја емисијата во живо на слениот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=531260168784019&notif_id=1654683268951869&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна

Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…

Град Скопје ќе додели средства за сите…

Советот на Град Скопје на денешната седница…

Јакимовски со барање до надлежните распустот да…

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…