(Видео) Ексклузивно! – Репортажа на Инфомакс за увидот извршен од директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на ризичните карпи на кањонот Матка

t

Денеска, петок (15 април) на пешачката патека горе кај ѕидот на браната Матка, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, одржa прес-конференција на која ја извести јавноста за постоење на уште една голема нестабилна карпа високо над ѕидот на браната Матка како и за досега преземените мерки и активности за надминување на опасноста од двете нестабилни карпи. Истовремено информираше и за мерките кои ќе бидат преземени во следниот период.

Веднаш потоа се искачи до нестабилните карпи коишто се наоѓаат на висина од околу 100 метри над ѕидот на браната Матка за одблизу да ја погледа нивната моментална состојба.

На кањонот Матка постојат две нестабилни карпи, кои од Комисијата за брани се оценети како загрижувачки, кажа директорот на Центарот за управување и кризи Стојанче Ангелов. На денешната прес-конференција Ангелов кажа дека со ЕВН Електрани побарале од Градежниот факултет да биде изработена програма со мерки и дејствија кои треба да бидат преземени за да се отстрани опасноста.

„Врз основа на таа програма треба да се изработи проектна програма која детално ќе го уреди начинот на кој ќе биде отстранета опасноста и врз основа на тоа ЕВН Електрани ќе треба да распише тендер. Размислувањата одат во две насоки, едната е карпите да бидат стабилизирани на местото каде што се наоѓаат со специјални механизми што ќе бидат прицврстени на карпата. Втората варијанта е контролирано рушење, но многу е тешко да се предвиди траекторијата на движење на карпите што би паднале“, рече Ангелов.

На втората нестабилна точка, од ЕВН Електрани е ангажирано лице алпинист кој има поставено уред за мерење на поместувањето на карпата, т.н. тензиометар. Овој уред како што кажа Ангелов мери колку карпата се движи преку ден и ноќе односно при промена на температура бидејќи надворешните влијанија се одразуваат на ваквите карпи.

Погледнете ја репортажата на Инфомакс од лице место и овие снимки кои го одземаат здивот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апел за помош: Да ѝ помогнеме на…

Да помогнеме на Христина Митревска да собере…

Д-р Филипче од Неготино: Плати до 180.000…

Како доктор, постојано се ангажирам за подобрување…

Силен земјотрес во Њујорк: Прекината седницата на…

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според…

(Видео) Јакимовски од Гостивар: Сите кои поддржувате…

Претседателскиот кандидат на коалицијата „Храбро за Македонија“,…

Вучиќ: Србија ќе им се спротивстави на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти денеска…