(Видео) Експлозии и пожар во руска рафинерија по напад со дронови
Експлозии и голем пожар се пријавени во руската Република Башкортостан, откако беспилотни летала ја нападнале рафинеријата за нафта „Газпром Нефтехим Салават“, која се наоѓа на околу 1.400 километри од украинската граница.
Според украинските медиуми, повикувајќи се на објави на Телеграм-каналот Exilenova+, цел на нападот било петрохемиското постројување „Газпром Нефтехим Салават“. Локални жители на социјалните мрежи објавиле дека се слушнале повеќе експлозии.
Во исто време, експлозии биле пријавени и во рускиот град Геленџик, во Краснодарскиот крај, каде што избувнал пожар од големи размери.
Ова не е прв напад врз истата рафинерија. Во септември минатата година, Службата за безбедност на Украина со беспилотни летала со долг дострел го нападна истото петрохемиско постројување, при што, според тогашните информации, била погодена единицата ЕЛОУ-АВТ-4, која се смета за клучен дел од рафинеријата.
Неколку дена подоцна, на 24 септември 2025 година, следуваше уште еден напад со украински дронови врз истиот објект.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Експлозии и пожар во руска рафинерија…
Експлозии и голем пожар се пријавени во…
Американската војска удира по ирански воени цели,…
Американската војска соопшти дека ја завршила третата…
Паузите за хидратација станаа златен рудник за…
Она што Светската фудбалска федерација (ФИФА) го…
Google и Amazon ги зголемија емисиите на…
Технолошките гиганти Google и Amazon, објавија дека…
Сончево и жешко низ цела Македонија –…
Времето денеска ќе биде претежно сончево со…