Објавено на:

(Видео) ЕКСПРЕСНА ЕВАКУАЦИЈА: 400 луѓе евакуирани од јапонски авион за 90 секунди!

t

Патниците и членовите на екипажот на јапонскиот авион кој се запали при слетување на аеродромот во Токио успеале да се евакуираат за само 90 секунди пред пламенот да го зафати трупот на авионот, соопшти противпожарната служба.
Авионот на компанијата „Ксепан ерлајнс“ се запали при слетување на пистата на аеродромот „Ханеда“ во Токио.


Иако експлозијата и пламенот може да се видат на видеото од авионот како такси по пистата, сите во него беа безбедно евакуирани.
За време на евакуацијата, која траела само 90 секунди, патниците и членовите на екипажот користеле воздушни тобогани за итни случаи, јавуваат медиумите.

Во Ербас А350-900 имало речиси 400 патници и членови на екипажот.
Летот 516 на „Jepen Airlines“ полета од аеродромот „Chitose“ во Хокаидо и слета на аеродромот „Haneda“ во Токио.
Компанијата „Јепен ерлајнс“ соопшти дека при слетувањето, авионот удрил во авионот на јапонската крајбрежна стража.
За време на судирот загинале пет членови на екипажот на авионот на крајбрежната стража, јавуваат јапонските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Тајфун со налети на ветер до…

Тајфунот Делфин ја погоди јужната јапонска префектура…

Јапонија: Евакуација за стотици илјади луѓе поради…

Стотици илјади жители на југозападна Јапонија денеска…

Хирошима ја одбележа 81-годишнината од експлозијата на…

Јапонскиот град Хирошима во четврток ја одбележа…

Бројот на жртви од земјотресот во Јапонија…

Бројот на жртви од земјотресот со јачина…

13 лица загинаа во земјотресот во Јапонија…

13 лица беа пронајдени мртви додека спасувачките…