(Видео) Елмас слави роденден: Посака ново европско првенство за Македонија!

t

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас денеска го прославува својот 23 роденден.

Вчерашниот пораз од Грузија не беше причина да нема позитивна атмосфера во репрезентацијата за да се прослави роденденот на еден од најдобрите во А тимот.

Соиграчите и стручниот штаб го изненадија Елмас со роденденска торта во хотелот каде се во карантин пред натпреварот со Бугарија, а тој им се заблагодари и посака ново Европското првенство за Македонија.

Македонската фудбалска репрезентација во понеделник ја пречекува Бугарија на стадионот „Тодор Проески“ во 20:45 часот во рамки на Лигата на нации.

ЛИНК од видеото на Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Елмас вреди колку сите Бугари заедно! (ФОТО)

Полека, но сигурно се загрева атмосферата во…