(Видео) Емотивен крај на маратонот: Ивановски заврши на 69. место, истрча па го бакна македонското знаме
Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски го заврши маратонот во Париз и стана првиот атлетичар од Македонија кој настапил на ЛОИ и на кого му успеало да ја мине престижната патека.
Ивановски ја мина патеката со време 2:28.15 минути и така заврши на 69 позиција од вкупно 81 натпреварувач. Пред крајот на маратонот, Ивановски го грабна македонското знаме од публиката и со него ја мина целта. Само што ја заврши трката, тој го бакна знамето, а потоа во солзи се сруши на земја од замор. Според информациите од Париз, Ивановски ја минал целта со повреда.
Победник на маратонот е Тола Тамират од Етиопија кој заврши со време 2:06.26 секунди и постави олимписки рекорд. Второто место му припадна на Абди Башир од Белгија со време 2:06.47 минути, што е негов најдобар резултат оваа сезона, а подиумот го комплетира Кипруто Бенсон од Кенија со време 2:07.00 минути.
Извор: Гол.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лош предзнак? Најголемото знаме на Украина се…
16 метарското знаме беше скинато на половина…
По една деценија ЈСП се ослободува од…
По долги години ЈСП конечно се ослободува…
Добро утро со Инфомакс: Наше знаме е…
Добро утро Македонци, денеска ви го пренесуваме…
(Фото) Поголем патриот од многу луѓе?! Куче…
Покрај сите инциденти денеска позитива на денот…
Шеснаесеткракото сонце е ОФИЦИЈАЛНО ЗНАМЕ на Општина…
Советот на општината Лозово денеска со седум…