(Видео) Ескалираа протестите пред косовскиот парламент: Солзавец, пиротехника и обиди за упад

t

Тензична е ситуацијата пред косовското Собрание во Приштина, каде вечерва се распоредени дополнителни полициски сили по обидите на демонстрантите да ги блокираат влезовите и излезите од парламентарниот комплекс.

Демонстрантите бараат целосно усвојување на измените на Законот за Специјализираните совети и Специјализираното обвинителство, откако тие претходно беа усвоени во прво читање со 91 глас.

Косовската полиција соопшти дека дел од демонстрантите се обидувале да влезат во оградениот простор на Собранието и фрлале пиротехнички средства кон државните објекти. Поради ескалацијата, полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои ги блокирале влезовите.

Според албанскиот медиум „Koha Jonë“, во и околу парламентот биле фрлани и молотови коктели, но оваа информација засега не е потврдена во официјалното соопштение на косовската полиција.

Претходно во текот на денот демонстрантите насилно вратиле еден пратеник кон дворот на Собранието, а биле регистрирани и оштетувања на прозорци од пиротехнички средства.

Спорот се продлабочи откако измените на законот не беа ставени на второ гласање. Владејачкото Движење Самоопределување бара прво да се избере новиот претседател на Косово, додека ПДК инсистира најнапред целосно да се заврши постапката за измените на законот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски го нападна Трамп: Путин е агресор…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го изрази своето…

Светот се приближува кон нуклеарна војна, тврди…

Високиот руски дипломат кој е постојан претставник…

Сиљановска-Давкова од Охрид: Проширувањето на ЕУ е…

Проширувањето на Европската Унија не е само…

Пленковиќ ја предупреди Црна Гора: Оспорувањето на…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ порача дека Хрватска…

Франција влезе во техничка рецесија – БДП…

Француската економија забележа поостар пад во третиот…