(Видео) Жежов цитира грчки војник кој се борел со Чакаларов: И пред умирање беше страшен!

t

Отсекувањето на главата на Чакаларов е во самиот тек на Втората балканска војна, тој со седумдесетина соборци се пробива во Костурско во обид да крене бунт против грчката власт но било невозможно бидејќи било јасно дека Македонија ќе биде поделена, објаснува во денешната епизода на Тешки муабети професорот Никола Жежов.

– Тој постојано се судира со андартски чети, во 1913 година бил ранет, но и тогаш давал отпор до последниот момент. Во еден грчки весник излегла една статија каде грчки андарт вели “кога се исправи ранет со брадата и косата ние почнавме да бегаме. И ваков на умирање беше страшен”, така заврши Чакаларов.

Потоа Грците му ја исекле главата и ја шетале низ македонските села извикувајќи “Го нема Чакаларов, ја нема Македонија”. Локалните свештеници ја земале главата на Чакаларов и ја закопале во црквата Света Богородица во Лерин. Мислам дека неговите останки се уништени во Балканските и светските војни, вели Жежов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ