(Видео) Жежов: 23 Октомври е ПРВ во календарот на македонски празници и треба да се слави со посебна гордост!

t

Оваа година одбележуваме еден редок јубилеј, 130 години од основањето на МРО. Мислам дека треба со еден пиетет и гордост да го празнуваме овој датум, во календарот на македонски празници тој треба да биде прв.

ВМРО го подготвувала вториот празник, 2 Август 1903, да го немаше 2 август ќе го немаше 11 Октомври, потоа АСНОМ и петтиот празник, 8 Септември 1991 година, денот кој влече континуитет од сите овие празници, вели во денешната епизода на Тешки муабети професорот Никола Жежов.

– Јас се радувам кога гледам дека сите граѓани на Република Македонија го прифаќаат празникот, имаше честитки од целиот државен врв, вратена е наградата “23 Октомври”. Ако воспоставиме еден таков терк никој нема да може да ја замисли Македонија без овој празник.

Основањето на МРО не е процес кој се случил наеднаш, туку траел години наназад, претходник на ВМРО е Младата македонска книжевна дружина, имало многи разговори, како резултат на повеќегодипни иницијативи е основана ВМРО токму на овој датум во 1893 година.

Во првиот ЦК на ВМРО биле Д-р. Христо Татарчев, секретар бил Даме Груев, останатите биле Петар Поп Арсов, Ицан Хаџи Николов, Андон Димитров и Христо Батанџиев. Сите шест основачи на ВМРО на тој неформален состаок во Солун биле интелектуалци со прилично високо образование за овој период и сметале дека ќе го испитаат теренот дали таа организација може да стане масовна и да биде прифатена мешу народот, ширењето било многу внимателно за да не биле откриена од турската власт.

Најпрво се правеле контакти со интелектуалците блиски до нив од градските слоеви, се одело на интелигензијата. Во 1894 година е одржано првото советување, првиот Конгрес во Ресен каде биле поставени основите на ВМРО и биле задолжени неколкумина членови да ги изготват Уставот и правилниците на Организацијата. До Првиот Конгрес има забрзана активност во Македонијза за формирање на окружни комитети, чети, да се пренесува оружје, да се лобира кај населението да се приклучи кон ВМРО. Организацијата го менувала своето име но се работи за иста организација. Првото име е Макеоднска револуционерна оргзанизација, од 1896 година го добива името ТМОРО, кое го носела до 1905 година кога на Рилскиот конгрес го добива името ВМОРО и тоа име го носи до 1918-19 година кога останало само ВМРО. Во колективната меморија на Макеоднците таа е запаметена под името ВМРО, дури и нејзините основачи секаде ја нарекуваат и во раните спомени Внатрешната организација, за да не направи дистинкција со се што доаѓало однадвор, така што отпаѓаат тие тези за “бугарско” во името на ВМРО. Не постои документ што покажува дека ВМРО некогаш имала бугарска во името.

Покрај основачите одреден број луѓе помогнале во ширењето на ВМРО, секако најпрво Гоце Длчев, потоа Ѓорче Петров, Никола Русински, Христо Матов и слично.

Имало неколку афери кои се заканувале да ја уништат Организацијата, првата е Доневата афера, втората е Виничката афера 1897 година кога се уапсени голем број членови на Организацијата која ја разнишала структурата, но Организацијата успеала да се консолидира и да дојде до 1903 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…