(Видео) Жителите на Нови Сад пречекуваат илјадници студенти и граѓани од цела Србија

t

По 16 дена и изминати повеќе од 400 километри и, што е најважно, многу срушени националистички пропаганди на оваа и поранешната власт, пристигнуваме во Нови Сад преку Мостот на слободата“, рече студент од Нови Пазар кој со своите колеги пешачеше за да ја одбележи годишнината од смртта на 16 лица на Железничката станица, јавува N1.

Во сабота, во Нови Сад ќе биде одбележана годишнината од трагедијата во која 16 лица ги загубија животите при уривањето на настрешница на градската железничка станица.

Голем број студенти и граѓани од цела Србија со денови пешачат кон големиот комеморативен собир.

Пред да го продолжат своето патување утрово, синоќа, како и сите претходни денови, беа пречекани и поздравени од локалното население на различни места каде што ја поминаа ноќта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Туск подготвен за средба со полскиот претседател…

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека е…

Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови…

Веро маркетите продолжуваат да ја развиваат понудата…

Од утре исплата на средства за клиентите…

Од утре, 5 ноември, граѓаните што имаат…

Уапсен е прилепчанец, полицијата дома му најде…

Полицијата вчера уапсила млад прилепчанец откако при…