(Видео) Забранетата епизода на Бетмен велиТ – Ќопек низаеден

t

Во најновата епизода од емисијата Бетмен велиТ со Боган Илиевски на Инфомакс, која беше блокирана веднаш по објавувањето.

Во емисијата Бетмен зборуваше на повеќе теми, меѓу кои и „дискримираните“ луѓе кои живеат во Македонија и се толку дискриминирани, што глава не можат да кренат. Не, не стаува збор за робови од Африка, туку за македонските Бугари, кои на претпоследниот попис биле 1417, а се подготвуваат да не го признаат последниот попис, бидејќи нема да им чини есапот.

Македонските Бугари периодов редовно се состануваат со бугарскиот државен врв, а причина за нивните средби е оттргнување на јавноста од работата на Историската комисија.

Бугарија одлучи да направи нова стратегија, во која, не само што ќе се зборува за разни глупости ки биле важни за нашата интеграција во ЕУ, како авио линија меѓу двете земји, туку ќе се зборува и за македонските Бугари кои како што рековме биле најдискримираните луѓе во Македонија бидејќи ги немало во уставот и поради тоа не можеле да се вработуваат по квоти во администрацијата.

Бетмен потсети на дебатната емисија во која пред неколку дена македонскиот Бугарин, Добре Митрев, изјави дека немал никакви проблеми при пописот на кој се декларирал како македонски Бугарин, но сепак ќе го оспорува бидејќи смета дека резултатите нема да бидат релевантни. Митрев во емисијата изјави дека бара да бидат во уставот за да можат да се вработуваат по квоти, иако, како што изјави во емисијата, тој во својата фирма би вработил некој со квалитет, а не по квота.

Немале квота за вработување во администрација…но сите сме знаеле како е во Македонија, па затоа ќе бараме додавање во уставот.

А тоа што нема министри пратеници Бугари нема врска со квотата, туку со тоа што ве има само 1417 кои живеат во Македонија. Ако ве имало 120 000 досега ќе сте газеле на велико.

Во Македонија на последните избори гласале 500-600 Бугари, а не 120 000.

Но има и друга причина за барање за влез во уставот, а тоа е дел од новата стратегија на Бугарија. Бугарија одлучи да прави трик на долгорочен палн, во кој не Кирил Петков или Бугарија бараат влен на Бугарите во Уставот, туку самите македонски Бугари тоа го бараат. Бидејќи ние паднавме од марс баш вчера и не знаеме што се барало…

И не било важно колку биле.

Па да се собереме 100 души, да се декларираме како фраери и да влеземе во Уставот, бидејќи не е важно колку сме за да оствариме колективни права, туку важно е што сме.

Оваа дискриминирана група вчера пак се сретна со Кирил Петков и Румен Радев. Петар Колев, родум од штипско Ново Село, поранешен на политичката партија ГДУ, која на изборите во Македонија поминувала како жаба под шлепер, бидејќи, нели, има многу Бугари во Македонија кој беше на средбата повторно изјави дека тие самите барале вле во уставот, а бугарската држава ги подджувала. Овие мала дискриминирани луѓе покрај влез во уставот, бараат промена на учебниците, заштита на бугарското културно наследство во Македонија, запирање на говорот на омраза, и не само тоа…

Овие македонски Бугари, 1417 на број, кажуваат кога Македонија, со 2 милиони жители, ќе влезе во ЕУ.

Колев на крај постоврува дека ја има поддршката на Радев, односно се потпишува како негов извршител за да глуми дискриминиран за да им даде оправдување на соседите да бараат почитување на човековите права иако нашиот устав предвидува почитување на правата на сите луѓе, без разлика како се чувствуваат.

Токму овој Колев во ТВ интервју изјави дека некогаш се декларира како Бугарин, а некогаш како Македонец, бидејќи Македонија е демократска земја во почитувањето на човековите права е на многу високо ниво. Истиот овој човек изјави дека никогаш не би се откажал од македонскиот идентитет. За потоа да каже дека без исполнување на бугарските барање нема тргање на ветото од Бугарија.

Ова го изјавил дискриминираниот Колев во 2020 година. А две години изјавува дека е дискриминиран…

Значи, оваа нова игра е таква за да се тргне од фокусот Историската комисија каде се случуваат вистинските уцени за да се укинат македонскиот јазик и идентитет.

Епа ние не сакаме нашите деца да учат дека Хитлер ја ослободил Македонија за да му ја подари на цар Борис. Ниту сакаме нашите деца да учат дека дедовците им се Бугари, бидејќи не се.

Колев оди до таму што вели дека Македонија, како помало братче на Бугарија, сега пораснало и почнало да прави проблеми, па треба да се ошамари, а во однос на историската комисија, смета дека место историчари, пополезни за решавање на тоа прашање би биле псссихолози и психијатри.

Колев оди до таму што се потсмева со Александар Македонски, говорејќи дека со оглед на неговата сексуална определба, не може да има налседници бидејќи до сега не се случило маж да роди дете…Ова се зборови на дискримираниот македонски Бугарин, кој се потсмева со сите Македонци, кој смета дека доколку се смени името на Македонија таа треба да се вика Јужна Бугарска Република.

Овој човек редовно се гледа со Румен Радев, а од неодамна и со Кирил Петков и ќе се шета по медиуми и ќе кажува како е дискриминиран ако не ги прифатиме бугарските ултиматуми, дека Тито не измислил во ’45и дека зборуваме бугарски дијалект, нема ЕУ за нас. Ако не се согласиме, ќе не обвинат дека ги дискриминираме македонските Бугари, додека Македонците во Бугарија не смеат ниту да писнат, ги множат со нула. А во меѓувреме, историската комисија ќе заседава додека не се избришеме од лицето на земјата.

Но работите не се толку црни. Да се потсетиме што изјави Бујар Османи во 2018 година некаде пред референдумот за славниот Преспански догово:

„Иако тоа никој не веруваше дека може во една кодина да се затвараат такви круцијални прашања, во еден тежок политички контекст, ние успеавме да го затвориме и Договот со Бугарија и Договорот со Грција и да го донесеме Законот за јазиците и да спроведеме 95% од реформите за што добиме и датум за отпочнување на преговори“

Радувај се Македонија, ти си добила датум за преговори, а ова е само сон…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца Бетмени во новиот филм на HBO:…

Ајвори Акино е избрана за толкување на…