(Видео) Закани кон Левица од советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром: “Затоа ќе јадат ќотек, не за џабе ќе му ја дупнеа главата!”

t

“Не за џабе ќе ти ја дупнеа главата” и слични закани и навреди беа упатени кон советниците од Левица од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром на денешната седница на Советот на општината.

“Затоа ќе јадат ќотек” и “Кој што си дробел нека си срка” му рече еден од советниците од ВМРО-ДПМНЕ на претходно претепаниот советник, Дарко Масларковски од редовите на Левица.

Советниците на Левица реагираа и кажаа дека доколку не биле свесни поединци присутни на местото на настанот за да ги одбранат браќата близнаци од хулиганите, ќе се повторел случајот со Денис Тот.

Политичката партија Левица претходно излезе со официјално соопштение за немилиот настан кога советникот на Левица Дарко Масларковски и неговиот брат беа претепани од страна на поголема група на лица.

– Нашиот советник Дарко Масларковски кој неколку пати во текот на изминатите месеци на советот во Општина Аеродром го покренува прашањето за регулирање на угостителската мафија – узурпатори на јавниот простор во општината со монтажните тераси кои незаконски навлегуваат во зелени површини и детски игралишта.

Советникот Дарко примаше суптилни закани преку посредници од газдата на кафе Хелиум по секое излагање во советот со овој проблем и потребата од негова регулација, како што тоа е случај во општина Центар каде истото е регулирано и газдите на кафичи и кафани плаќаат надоместок за узурпирањето на јавниот простор.

Вчера во раните утрински часови газдата на Хелиум ги оствари заканите и со десетина пајташи го претепаа советникот Дарко и неговиот брат по што двајцата завршија на клиниката на неврологија со видливи последици по главата е телото. За ова ќе следат соодветни пријави и тужби до сите сторители кои се знаат со име и презиме.

 Во случката учествувал и вработен во општината кој во мандатот на Марин беше негов шеф на кабинет. Дали истиот учествувал во насилието врз советникот и неговиот брат ќе се утврди во понатамошна постапка пред надлежните, но општо познато е дека истиот е близок пријател со газдата на кафе Хелиум кој е и нарачател на линчот.

 Симптоматично е што откако претседателот на Советот беше информиран за случката за кратко време почна и исмевање и црна кампања со судбината на нашиот советник од страна на лица ангажирани хонорано во кабинетот на градоначалникот Тимчо Муцунски кои се ангажирани да го работат неговиот пиар, но очигледно и дека општината ги плаќа со народните пари да тераат и црна кампања против Левица која е единствената опозиција во Општина Аеродром и која се жестоко се бори против овие мафијашки кланови кои се намачкани со сите бои, тоест се блиски и со СДС и со ДПМНЕ.

 Црната кампања од страна на хонорарците од кабинетот на Тимчо отиде до таму што тврдеа дека нашиот советник Дарко бил претепан бидејќи барал верувале или не рекет од кафичите чиниш Левица е таа со апсолутно мнозинство во советот и со градоначалник на Аеродром, што нам многу ни заличи на чиста проекција или попознато како обвини го непријателот за тоа што ти го правиш.

 Затоа јавно го прашуваме Тимчо Муцунски која е причината што општината не сака да го регулира проблемот со узурпирањето на јавниот простор од страна на угостителската мафија, како што тоа го направи општина Центар многу одамна и дали вистинската причина е што лица блиски до властите во општината земаат рекет или мито од сопствениците за истите да прават што сакаат и да имаат одврзани раце да ги шират трасите по тревниците и детските игралишта?

 Левица порачува дека никакво насилие нема да нѐ заплаши во брорбата против сите мафии и политичко коруптивни влијанија во локалната и во централната власт, кои се матестазирани со 30 годишното владение на двоецот СДС/ДПМНЕ. Ние се зачленивме во Левица првенствено за хирурши да го отстраниме метастазираниот канцер во општеството и ништо нема да нѐ поколеба во достигнувањето на нашата повисока цел за да живееме во здраво општество, реагираа од Левица денот по немилиот настан.

Во продолжение видеото од седницата.

ЛИНК од видеото во живо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ДПМНЕ ја остави Универзална да се…

ДПМНЕ ја остави Универзална сала да се…

Со глас за европската коалиција граѓаните ќе…

Клучното прашање на овие избори е одлуката…

(Видео) „Ми нудеа пари и функција“ –…

Ми нудеа пари и функции за да…

(Видео) Обвинител да истражи дали има нелегално…

Гордана Димитриевска Кочовска им порачува на координаторите…

СДСМ: Ново пукање во Чаир, ДПМНЕ е…

ДПМНЕ е опасност по безбедноста на граѓаните,…