(Видео) Закани од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кон советници од Левица: Се заканувале на самохрана мајка!

t

Горан Костовски-Чиз во денешната епизода на Тешки муабети истакна дека имало закани кон советници на Левица во неколку општини во Македонија, некаде од ВМРО-ДПМНЕ, некаде од ДУИ и истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се враќа на старите лоши патеки кои ги чинеле многу.

– Знаете што се случуваше во Аеродром, јас ги нападнав Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ дека продолжуваат со мијалковистички методи.

Исто и во Велес има закани, не од ВМРО-ДПМНЕ, од ДУИ, во Охрид се закануваат на самохрана мајка советничка од Левица, во Кичево исто, во Гевгелија. Таму се буквално луѓе сами во совет, ние во Аеродром сме пет, ќе се штитиме колку -толку ама таму се сами. Ама ние не попуштаме.

Дали е нервозата кај нив голема, поготово за Скопје дека нема да можат да остварат тоа што сакаат, дали има и други ситуации, притисоци, не знам ама се враќаат на старите патеки кои ги коштаа многу, сите не коштаа многу ама се враќаат на тие емтоди со локални шерифи, тепачки, закани…

Јас верувам дека е точно тоа што го вика Данела, ама ја советувам да ги извади доказите јавно, вели Костовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По барање на Левица, МОН ги одзеде…

Секој ученик заслужува безбедна образовна средина. Драматичните…

Апасиев бара одложување на лидерската средба! Утре…

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, предмалку на…

(Фото) Европратеникот од Ирска, Мик Волас: Левица…

Познатиот европратеник од Ирска Мик Волас кој…

Левица: Касами повика на рушење на уставниот…

Првиот човек на Движењето Беса и актуелен…

Левица: Македонските власти ја премолчуваат бугаризацијата на…

Власта во Македонија ја премолчува бугаризацијата на…