(Видео) ЗАПЛЕНЕТИ 2,7 ТОНИ КОКАИН: Уапсен 70-годишен Србин, шеф на „балканскиот картел“

t

Во меѓународна акција предводена од српското Министерство за внатрешни работи и Безбедносно-разузнавачката агенција (БИА) во координација со Европол, на едрилица во Атлантскиот океан се запленети 2,7 тони кокаин, уапсени се шест лица и запленети над половина милион евра, објави во денеска српското МВР.

Во Србија, уапсени се организаторот на криминалната група, седумдесетгодишниот С.К., и уште тројца осомничени – Н.С. (35), Н.С. (43) и Б.К. (37). Во акцијата биле запленети над 550.000 евра.

Истрагата за оваа организирана криминална група е покрената во јануари 2022 година поради сомневање дека е вмешана во шверц на кокаин од Јужна Америка во земјите на Европската Унија.

Во акцијата координирано учествувале полициските служби од Хрватска, Шпанија, Бразил, Франција, Полска, Португалија и Словенија, како дел од оперативната група „Балкански картел“.

Уапсени се шест лица и претресени се 15 станови, а освен кокаин и пари, одземени се и две возила од висока класа, скапи рачни часовници, електронска опрема и мобилни телефони.

Во рамки на финансиската истрага, блокирани се голем број банкарски сметки и имоти.

Постои сомнени дека оваа организирана криминална група превезувала кокаин од Јужна Америка, користејќи едрилици, а пратките биле испраќани со помош на шифрирана комуникациска платформа, соопшти српското МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…

Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…

Пијан велешанец и се заканувал на поранешната…

На 25.08.2026 во 00:30 часот во Велес,…

Курти утре во посета на Македонија, најавен…

Утре, среда, во официјална посета на Македонија…

Ангелов: Голем пожар во Градско – пренасочени…

Голем пожар денеска околу пладне избувна помеѓу…

54-годишен маж ја нападнал сопствената мајка

На 24.08.2026 во 23:55 часот во радовишко…