(Видео) Започна реконструкцијата на “Бутелска”: Арсовска најави реконструкција и на улицата “Радишанска”
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, најави почеток на реконструкција на улицата “Бутелска”, но и уште една реконструкција на улицата “Радишанска”.
– Денеска сме тука да ја најавиме конечно отпочнувањето на реконструкцијата на лицата “Бутелска” односно оној дел кој се простира од “Александар Урдаревски” до обиколницата. Овој е дел на улицата кој не е реконструиран скоро 15 години и беше дел од барањата на 24.000 граѓани кои секојдневно гравитираат тука.
Она коешто го работиме во изминатиот период е сериозни градежни инвестиции во реконструкција на патиштата во Бутел но и нови зелени површини како Бутел би добил нов лик по скоро 20 години негрижа за општината.
Она коешто сакам да го истакнам е дека по реконструкција на улицата “Скоевска” орпочнуваме тука во овој дел на улицата “Бутелска”, а најавуваме дека наскоро ќе има рекострукција на улицата “Радишанска”.
Она што ме радува е дека ќе се реконструираат над 7500 метри квадратни на асвалтна површина и ќе се обезбеди безбедност и сигурност на граѓаните кои транзитираат тука, а досега им била загрозена безбедноста, истакна градоначалничката Арсовска.
Градоначалникот на Бутел, се заблагодари за помошта и поддршката од Град Скопје и како што рече тој, очекува ова да бидат најдобрите 4 години за Бутел досега.
Градоначалничката Арсовска изјави дека реконструкцијата на “Бутелска” ќе чини околу 14 милиони денари, што е со заштеда на Град Скопје од над 40% од иницијално предвидената вредност на проектот.
ЛИНК од видеото
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…
Искршени плочи на гробишта во Скопје по…
По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Костовски: Крај на узурпацијата на јавниот простор,…
Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, порача…